Србија се бори против намалувањето на населението | Информации и анализи за Балкан | DW | 10.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Србија се бори против намалувањето на населението

Речиси празни села со напуштени, пропаднати куќи има насекаде во Србија. Тоа е јасен знак дека население драматично се намалува и кој отвара прашања за економската благосостојба на земјата.

Урош Траиновиќ се сеќава на времето кога неговото мало рударско селце на истокот на Србија било дом на околу 200 семејства, имало свое училиште, доктор и продавница. Како се менуваат времињата. Сега, 60 години подоцна е село на духови со само 8 жители. Трансформацијата на Благоев камен не е уникатен пример во земја која се соочуваше со многугодишна војна и санкции во 90-тите по распадот на Југославија. Иронија на историјата е дека една од причините за таа војна беше идејата за создавање Голема Србија од пепелта од поранешна Југославија. Речиси празни села со напуштени, пропаднати куќи има насекаде во Србија, јасен знак за население кое се намалува и кој отвара прашања за економската благосостојба на земјата. Намалувањето на населението се случува толку брзо што се смета за национална вонредна состојба и ООН се ангажираа да помогнат.

„Селово некогаш беше полно со луѓе, тука одев на училиште“, се потсетува 71-но годишниот Траиновиќ. „За жалење е што сите си заминаа...сега сме само неколкумина и веќе нема млади луѓе тука.''

Како и да се гледа, бројките се запрепастувачки. Според Светска банка, населението на Србија кое е нешто под 7 милиони се очекува да падне на 5,8 милиони до 2050. Тоа би бил пад од 25% од 1990.

Повеќе:

-Зошто толку многу Срби ја напуштаат земјата?

-Да се сузбиваат причините за отселувањето од Западен Балкан

-Што треба да знае секој лекар? Германски!

Српската влада тврди дека балканската држава ефективно губи по еден град секоја година и дека околу 18 општини имаат помалку од 10 илјади жители. „Секој ден имаме 103 луѓе помалку." Промена во населението е факт кој се однесува на цела Европа, но проблемот е акутно различен во централна и источна Европа каде нискиот наталитет кој е вообичаен за развиени земји се надополнува со висока стапка на миграција, а ниска стапка на доселување карактеристична за земји во развој.

Економскиот ефект за земјата која се стреми да стане членка на ЕУ е евидентен и на краток рок загубите изнесуваат милијарди долари. На долг рок има и трошоци кои настануваат заради фактот дека помал број на работоспособно население ќе мора да придонесува повеќе за оние на пензионерска возраст. Развојната програма на ООН состави група од 7 меѓународни експерти со различен бекграунд и експертиза за да помогнат околу ситуацијара. Тие ја посетија Србија во мисија на утврдување на фактите минатиот месец.

Волфганг Луц, австриски експерт за демографија на Интернационалниот институт за применета системска анализа, вели дека главниот проблем е во тоа да се изедначи бројката на оние што ја напуштаат земјата наместо во фактот дека општо се намалува бројката на населението.

„Трендот е подобро образованите, поспособните, помотивираните мобилни лица да ја напуштат земјата и тоа е одлевање на човечкиот капитал,'' изјави тој за Асошиејтед прес.

Одраз на децениската криза се села како Благоев камен. Селото цветаше додека рудникот за злато во близина ја одржуваше целата област во живот, пред и по Втората светска војна, но сѐ почна да пропаѓа по затворањето на рудникот во средина на 1990те.

Траиновиќ вели дека во рудникот сѐ уште има злато и минерали, но потребна е инвестиција и напорна работа. „Еден од моите синови е во Германија, а другиот во Австрија," вели тој. „Тие доаѓаат често, но немаат причина поради која би се вратиле," вели Траиновиќ. Српската влда се обиде да го спречи овој тренд нудејќи финансиска поддршка за парови со повеќе деца, државни субвенции, со реновирање на училишта и градинки, помош за семејствата во руралните области или за поддршка на бизиниси во селата.

Рут Финкештајн, доцент на Универзитетот Колумбија која е експерт на тема стареење на нацијата и социјалните импликации од тоа, вели дека Србија треба да се стреми да ја најде улогата на растечката постара генерација во земјата. „Луѓето се фокусираат само на младите," вели таа.

Но ситуацијата не е загрижувачка само во Србија. И соседна Хрватска која во моментов е претседавач со ЕУ си го зацрта како приоритет „тешкото прашање на демографските предизвици“. Руралните области во Хрватска алармантно се празнат, додека повеќе од 15% од 4,2 милиони Хрвати веќе живеат и работат во странство. Бугарија и Украина се исто така земји во кои се забележува пад на бројот на население. Стјепан Штерц, познат хрватски експерт за демографија смета дека досегашните напори за справување со проблемите со исселување на Балканот не се доволни и дека даночниот систем треба да биде повеќе насочен кон промена на овие трендови.

„Демографијата треба да биде препознаена како основа на економскиот развој така што најважната алатка за негов поттик треба да биде поставена во оваа насока," вели тој.

Луц кој раководи со Светската програма за население за ИИАСА, вели дека помалите земји може да имаат конкурентна предност. „Сум видел многу песимизам, сум видел многу паника, дури и за она што актуелно се случува," вели тој. "Вистинскиот предизвик е ова да се смени... во пзитивна акција, со која општеството ќе се ревитализира, ќе стане поживо и насочено кон иднината," заклучува тој.

 

Реклама