Србија и ЕУ - стап и морков | Свет | DW | 09.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Србија и ЕУ - стап и морков

Може ли процесот на евроинтеграции да ги реши српските проблеми? Дебатираат Александар Матковиќ од Институтот за филозофија и општествена теорија и Немања Тодоровиќ Штиплија, уредник на порталот Europan Western Balkans.

Дојче веле: По повеќе од три години од почетокот на пристапните преговори, меѓу граѓаните на Србија се бележи пад на довербата во ЕУ. Владеењето на правото и демократијата, кои беа во фокусот на евроинтеграциите, велат критичарите, паднаа во втор план поради „стабилноста“ која ја заговараат европски функционери. Дали ЕУ дигна раце од демократијата поради други политички цели?

Немања Тодоровиќ Штиплија: Поради предизвиците со кои се соочува на своите граници, првенствено поради мигрантската криза, но и политичката нестабилност во некои членки, ЕУ првенствено е заинтересирана за стабилност на Западен Балкан. Верувам дека таквата состојба е само привремена и дека ЕУ нема да биде волна да прифати како членка било која држава со внатрешни проблеми. Постои критика на сметка на власта во Србија, но таа паѓа во втор план зад поддршката кон владата во Србија. Формалното напредување на европскиот пат во моментов е приоритет во однос на состојбата на демократијата. Се согласувам што европските дипломати не коментираат некои конкретни случаи, како Савамала, зашто такви има голем број во целиот регион.

Nemanja Todorovic Stiplja (privat)

Немања Тодоровиќ Шиплија

Александар Матковиќ: Проблем е што ЕУ има интерес за мир на Балкан, но делумно придонесува за негова дестабилизација. Во прашање е првенствено економската заедница и правото во таа смисла функционира во согласност со стопанството. Правните регулативи се тука поради пазарот, а многу помалку поради заштита на граѓаните. Во тој поглед, владеењето на правото не умре преку ноќ, не умре воопшто. Прекршен закон не значи смрт за правната држава, проблемот е подлабок. А сепак Савамала е екстремен, но не и единствен случај. Во Словенија постои случајот со фабриката „Рог“, во Хрватска урбанистички измени на Загреб, да не го споменувам Скопје и Македонија. Во сите овие случаи се присутни локални автократи, а постои и проблемот со војната во Украина. Наспроти верувањата за светлина на крајот на тунелот, ЕУ нема да ги реши сите проблеми на своите членки, ниту на земјите кои тоа сакаат да станат. 

Тодоровиќ Штиплија: ЕУ можеби е единствената која може да ја притисне власта во Србија на било каков начин да ги реши проблемите за кои зборуваме. Верувам дека ЕУ ги препознава проблемите во владината политика, но тој момент на слаба критика доведува до долгорочни штети по демократијата и владеењето на правото, а со самото тоа и на поддршката на граѓаните на  евроинтеграциите. Мислам дека ЕУ мора да биде многу поостра кон владата, да инсистира на решавање на случаите кои се пред обвинителствата десет или петнаесет години. Не верувам дека Србија го може тоа без надворешен притисок.

Матковиќ: Да се очекува овие случаи да се решат со еден повик од Брисел, според мене е наивно. Овие работи премногу длабоко навлегуваат во општественото ткиво на Србија за да бидат решени преку обраќање од некои институции од Бисел. Патем, ЕУ не е хомогено тело, туку ја чинат бројни институции кои на различен начин се однесуваат кон Србија. Притисок од ЕУ постои, но на други нивоа - политичкии економски, но по повод овие случаи. Активниот капацитет на ЕУ за решавање на овие проблеми е многу лабилен. Наместо правни регулативи од Унијата, потребно е да се бара самоорганизирање со други кои претрпеле слична судбина. Во прашање е системско насилство и тоа не може да се реши во Брисле или во Берлин, туку токму таму каде избило - на улиците и во институциите на Србија.  


Federica Mogherini sprach im serbischen Parlament über die europäische Integration
Federica Mogherini sprach im serbischen Parlament über die europäische Integration (picture alliance/PIXSELL/S. Ilic)

Федерика Могерини во српскиот парламент

Еден од аргументите за пристап кој често се споменува е што евроинтеграциите се начин на уредување на општеството. Прописите на ваков начин се уредуваат, но колку е тоа видливо во пракса?

Тодоровиќ Штиплија: Поради внатрешната политичка ситуација, од крајот на 2013. година имаме парламент кој повеќе не работи отколку што работи, тој е во процеп меѓу два круга избори. Законите не се усвојувани навреме и на тој начин се пробиени роковите од Националната програма за усвојување на правните регулативи од ЕУ. Отворањето на поглавјата е техничка работа, а законодавството не го следи процесот на преговори во потребните рокови.

Матковиќ: Проблемот на евроинтеграциите не се правните регулативи, туку општествените последици. Со Спогодбата за стабилизација и асоцијација се предвидува и либерализација на пазарот, кој има директни последици по земја во интеграции како Србија. Пред две години добивме нов закон за стечај, кој згасна 188 претпријатија, од кои некои беа успешни. Најголем дел од вложувањата беа вршени во непризводниот сектор, во надеж дека странските инвестиции ќе го спасат производството. Наместо тоа, се случи спротивно, го упропастија. Значи, може да се постави прашањето дали евроинтеграциите на земјата ѝ го донесоа посакуваниот прогрес кој требаше да ја направи подобра, а колку економски регрес. Процесот на евроинтеграции е всушност процес на интеграција во европската периферија, зашто Унијата нема единствена економска структура и приклучувањето нема да нѐ спаси.

Овие теми добија значајна улога и во протестите во Србија, еврокомесарот Хан рече дека власта мора да разговара со демонстрантите. Што всушност порача тој?

Матковиќ: Протестите во Србија направија огромен прелом низ проширувањето на првичните политички барања. Со тоа навестија директна колизија меѓу економските реформи и социјалниот стандард на населението, сега првпат постои јасно спротиставување кон мерките на штедење. Народот тоа веќе не може да го трпи, моментната економска политика е неодржлива. Сепак, Вучиќ во текот на протестите вели дека создава единствен балкански пазар и тоа не е случајност. Тука се наоѓа сѐ: политиката на пасивизација која ја видовме во текот на овие протести и создавањето единствен пазар во текот на берлинскиот процес и секако, лажниот пацифизам. Зашто, за да функционира тој иден пазар, мора да постои „насилен“ мир. Во тоа се вклопува и изјавата на Хан. Од другастрана, срцето на ЕУ не се само нејзините пазари, туку и работното законодавство кое е сѐ понесигурно поради кризите со кои се соочува ЕУ. Во тој смисол протестите ја допираат с‘ржта на проблемите за кои денешна Европа нема адекватно решение.

Aleksandar Matkovic (privat)

Александар Матковиќ

Има ли Србија искрени амбиции да пристапи кон ЕУ и дали е тоа пат на кој треба да се продолжи?

Тодоровиќ Штиплија: Влада на Србија тоа го третира многу краткорочно - во оние четири години кои се пред неа. Темпото на преговорите се развлекува, па најважните работи, кои се можеби и најтешки во прицесот на преговори, се оставаат за крај, а не знаеме кога ќе дојде тој крај. Ни самата влада нема одговор на прашањето дали е навистина приврзана кон ЕУ-интеграцијата и дали вистински сака да ги заврши преговорите. 

Матковиќ: Србија го сака тоа, дури и ремногу искрено, па заборава на српските, унгарските, хрватските, војводинските и останатите работници и студенти, односно сите сиромашни и загрозени кои живеат на нејзина територија. Сепак, не се сомневам во продолжувањето на економските политики. Но, тие не се наша економска судбина и можеме да избираме: или слепа доверба во ветениот прогрес или директно самооорганизирање. Првото го гледавме во речиси 30 години транзиција и ги видовме последиците, а можноста од второто само се наѕира, прво во иднината на протестите.

Тодоровиќ Штиплија: Верувам дека е потребно отворање дебата за политиките на ЕУ, околу бенефитите од евроинтеграцијата и членството, но и околу негативните работи кои може да ги донесе членството. Сепак, цврсто верувам дека не постои ниедна вистинска алтернатива на европските интеграции. Ако се откажеме од нив, можам само да си замислам какви алтернативи би се појавиле. 

Александар Матковиќ е истражувач-соработник од Институтот за филозофија и општествена теорија на Универзитетот во Белград, координатор на Регионалниот научен центар ИФДТ во Нови Сад.

Немања Тодоровиќ Шиплија е основач и уредник на порталот European Western Balkans.

 

Реклама