1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад

СН/ЖА/бета/мф1 април 2012

Српскиот претседател Борис Тадиќ изрази длабоко жалење поради смртта на шест млади луѓе во пожарот во новосадската дискотека „Контраст“. Жртвите биле на возраст меѓу 17 и 18 години.

https://p.dw.com/p/14W1y
Српскиот претседател Борис ТадиќФотографија: picture-alliance/dpa

Шест млади лица, тројца момчиња и три девојки, загинаа во пожар, којшто во два часот изутрината избувна во дискотеката „Контраст“ во Нови Сад.

Прес- службата на на српскиот претседател Борис Тадиќ соопшти дека надлежните служби го известиле шефот на државата за трагедијата во Нови Сад.

Борис Тадиќ изразил длабоко жалење за смртта на младите луѓе, соопшти прес службата дополнувајќи дека во тек е интензивна истрага за да биде расветлено како се случила несреќата. Според првичните информации, пожарот избувнал на подиумот на дискотеката „Контраст“, а причината е неисправна инсталација.
Во моментот на пожарот, во дискотеката имало околу 350 лица. Се претпоставува дека загинатите најверојатно се задушиле од чад и дека во
моментот на несреќата биле заглавени во тоалетите. Идентитетот на лицата не се објавува додека за тоа не бидат известени нивните семејства, а според одредени информации двајца од загинатите биле на возраст меѓу 17 и 18 години.
Истражниот судија истакна дека постои основано сомнение дека е сторено
кривично дело предизвикување на општа опасност, додавајќи дека во рамки на
истрагата во полициска станица биле задржани над 50 лица.
Српските медиуми јавија и дека две лица се здобиле со повреди во синоќешната
несреќа, од кои едното е пуштено на домашно лекување, а другото е задржано
во болница.