Србите чуваат пиштоли под сламарици | Панорама | DW | 12.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Србите чуваат пиштоли под сламарици

Во светот само граѓаните на САД имаат повеќе оружје отколку граѓаните на Србија. Државата со децении е немоќна.

Никој не знае колку илегално оружје имаат граѓаните на Србија. Проценките одат од 200.000 па до околу еден милион парчиња оружје. И уште толку во сопственост на полицијата, војската и приватните служби за обезбедување. Ранг-листите на специјализираните магазини за оружје редовно Србија според број на оружје по глава на жител ја ставаат на тажното второ место, зад САД. Државата со децении е немоќна.

Нема дилеми дека најголем дел од оружјето е дојден од боиштата во 90-те години, едноставно однесен од магацините на ЈНА или паравоените трупи. Сето тоа оружје е многу употребливо, вели Предраг Петровиќ, извршен директор на Белградскиот центар за безбедносна политика. Тоа е жилаво вооружување, не би се користело толку долго по светот да не етолку добро, вели тој за Дојче веле.

Гледај видео 01:25

Србија: Оружје под сламарици

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама