Србите во Србија плаќаат поскапа патарина од странците | Економија | DW | 03.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Србите во Србија плаќаат поскапа патарина од странците

Поради тоа што во Србија погрешно се пресметува патарината во евра, државата секоја година губи околу 100 милиони евра, информираат српски медиуми.

Она што го губи државата Србија, добро им доаѓа на странските туристи кои минуваат транзит низ државата. Белградскиот портал Б92 пишува дека Србија поради лошо пресметана такса од динари во евра годишно губи околу 100 милиони евра.

Доколку патарината чини 210 динари, странците плаќаат 1,5 евро, а тоа значи само 177 динари, јавува Б92. Вршителот на должност директор на Патишта Србија, Зоран Дробњак, изјави дека секоја година на неговото претпријатие за одржување на мрежата му недостигаат 80 до 100 милиони евра. Затоа, од српската влада ќе се бара поскапување на патарините.

Низ Србија минуваат два важни меѓународни автопати: Е70 од Словенија и Хрватска кон Македонија и Грција, како и Е75 од Унгарија кон Белград, каде се спојува со Е70. Двете рути се користат пред сѐ од гастарбајтери и летувачи на патот кон Турција или Грција.

Дробњак потврди дека секоја година на српските автопати има сѐ поголем број возила. Оваа година нивниот број ќе изнесува 54,5 милиони возила, а минатата година имаше 49 милиони. Секое лето на патарините и границите се создаваат огромни колони, на кои чекањето понекогаш изнесува меѓу 8 и 12 часа.

Гледај видео 01:02

Картички за плаќање патарина

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама