СПЦ: Контроверзниот владика е разрешен
29 мај 2013Реклама
Портпаролот на Српската православна црква, владиката Иринеј, изјави дека местото каде што во иднина ќе престојува Љубомир Качавенда (на фотографијата) ќе биде дополнително одредено. Иринеј не ја прецизираше причината за разрешување на епископот.
Синодот на СПЦ на крајот на април ја усвои оставката на епископот Василије (Љубомир Качавенда), која тој ја поднесе наведувајќи дека се повлекува од здравствени причини. Истовремено, медиумите пишуваа за неговите наводни сексуални скандали со момчиња и објавуваа видео снимки на коишто, како што се тврдеше, се наоѓа Василије. Спорните снимки, според пишувањето на одредени медиуми, му биле предочени на Светиот синод на Српската православна црква уште во ноември минатата година.