Спречен терористички напад во Париз | Свет | DW | 09.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спречен терористички напад во Париз

Во Париз е најверојатно спречен нов терористички напад. По откривањето на автомобил полн со канистри со гас во центарот на Париз, полицијата уапси три жени.

По откривањето на автомобилот со канистри со гас во текот на изминатиот викенд во близина на катедралата Нотр Дам, француската полиција уапси три жени. Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев оцени дека се работи за „радикализирано, фанатично“ трио, кое најверојатно планирало насилнички акти во скорешна иднина. Се работи за жени на возраст од 19, 23 и 39 години.

Деветнаесетгодишната девојка, која инаку е ќерка на сопственикот на автомобилот, е ранета откако нападнала полицаец со нож, соопшти полицијата. Според извори од истрагата, уапсените ѝ ветиле своја верност и преданост на терористичката милиција Исламска држава.

Автомобилот без регистерски таблички беше пронајден во неделата. Полицијата во багажникот најде пет полни канистри со гас, како и еден празен на седиштата. Освен тоа, во возилото биле најдени и три дизел-канистри и документи на арапски јазик.

Во притвор, во врска со случајот, се седум лица. Трите жени се уапсени во операција вчеравечер во јужниот дел на Париз, во вистинска „трка со времето“, изјави Казнев. Попладнево за случајот се очекуваат информации од француското обвинителство.

По повеќе терористички напади од почетокот на 2015 година, во кои загинаа над 200 луѓе, во Франција е прогласена вонредна состојба.

DW.COM

Реклама