Спор околу детскиот додаток за децата на работниците од ЕУ во Германија | Економија | DW | 22.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Спор околу детскиот додаток за децата на работниците од ЕУ во Германија

Германскиот министер за економија Зигмар Габриел бара кратење на бенефициите за децата на работниците од ЕУ кои не живеат во Германија. Европските регулатори во однос на ова прашање преферираат „стаус-кво“ ситуација.

Граѓаните на ЕУ кои работат во Германија имаат право на исплата на детски додаток за своите деца, дури и ако децата не живеат во Германија.

Прашањето за тоа колку пари треба тие да добиват повторно се актуелизираше откако министерот за економија Зигмар Габриел од СПД, воедно и заменик на Ангела Меркел, изјави дека на децата на работниците од ЕУ кои живеат во странство треба да им се исплаќа детски додаток на „ниво како во земјата во која живеат".

Deutschland Sigmar Gabriel Bilanz zur Wirtschaftspolitik 2016 (Reuters/F. Bensch)

Зигмар Габриел го актуелизира прашањето на детскиот додаток

Експлоатација на социјалните системи

Габриел се пожали дека во германските градови постојат цели улици со „недвижнини за рециклирање“ кои се населени од мигранти кои живеат во Германија само за да ги добивааат лукративните бенефиции за деца. Заменик канцеларот исто така спомена дека со месеци чекал од министерот за финансии, Волфганг Шојбле, да поднесе предлог за намалување на детскиот додаток.

„Ова не е ново и ние веќе некое време истражуваме како ова би можело да функционира", изјави за ДВ портпарол на Министерството за финансии. „Да се бара нешто е една работа, но истото да функционира во европската легислативна рамка - тоа е сосема друго“.

Минатата недела, Европската Комисија потврди дека ЕУ ќе ги задржи сегашните правила за бенефиции за децата и дека нема да наметне индексирање на истите, аргументирајќи дека би било „голем бирократски предизвик да се постави таков систем и дека само помалку од 1 процент од детскиот додаток во ЕУ се извезува од една земја членка во друга“.

Детскиот додаток варира

Во Германија родителите имаат право на исплата на детски додаток до 18-от роденден на децата доколку тие живеат во Германија, во некоја од земјите членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка или Швајцарија. За студентите или децата кои се во процес на образование дестки додаток се исплаќа до нивниот 25-ти роденден. Поточно - 192 евра месечно за првите две деца.

Висината на детскиот додаток во земјите членки на ЕУ од источна Европа е многу помала од она што се исплаќа во Германија.

Откатко годинава Британија одлучи да го укине детскиот додаток за децата на мигрантите, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека би можела „да замисли како истите мерки се применуваат и во Германија“. Австрија и Холандија исто така покажаа интерес за индексирање на исплатите според трошоците за живот или просечниот износ на детскиот додаток во земјите каде што живеат децата.

Соодветно и фер

Таков потег би можел да ги спречи луѓето да се преселуваат од една во друга ЕУ земја само поради висината на детскиот додаток, но тоа може да значи и плаќање на повисок детски додаток за децата кои живеат во попросперитетните земји членки и тоа исто така ќе влијае врз сумите исплатени за германските деца кои студираат надвор од Германија, изјави Маркус Вајнберг, портпарол за социјални работи на ЦДУ.

„Социјалните бенефиции се дизајнирани за да се подобри ситуацијата на децата“, изјави за ДВ Герд Ландсберг, директор на Германската асоцијација на градови и општини (ДСТГБ). „Реперот за висината на бенефициите треба да биде земјата каде што детето престојува“.

За колку пари станува збор?

Од ноември 2016 година, Германија исплаќа месечно детски додаток за деца на 188.000 граѓани на ЕУ кои работат во Германија, а чии деца живеат надвор од земјата – што претставува зголемување од 54% во однос на минатата година. Најголемиот дел од исплатите одат кон Полска, Романија, Хрватска и Чешка.

Германија вкупно исплатила околу 32 милијарди евра детски додаток за деца, вклучувајќи и 470 милиони евра на мигрантите од ЕУ чии деца живеат надвор од земјата, што претставува помалку од 0.2 проценти од буџетот на земјата за 2016 година.

Се чини дека ова прашање е важно за Габриел, но исто така веројатно е дека тој се обидува да им се додвори на потенцијалните гласачи на СПД кои се чувствуваат запоставени, вели Карстен Кошмидер, политиколог од берлинскиот Институт за политички науки Ото Зур. Кошмидер предупредува дека неговите идеи одат во прилог на крајните десничарски движења во Германија, како што е АФД.

Реклама