Спорот меѓу суперсилите натамошно ескалира | Свет | DW | 24.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Спорот меѓу суперсилите натамошно ескалира

Откако Вашингтон нареди затворање на кинескиот конзулат во Хјустон со обвинување за шпионажа Пекинг возврати со реципрочна мерка: конзулатот на САД во кинескиот град Ченгду мора да биде затворен.

Кина денеска им нареди на Соединетите Американски Држави да го затворат нивниот конзулат во Ченгду, на западот од Кина. Потегот следеше како одговор на одлуката на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го затвори кинескиот конзулат во Хјустон, откако Вашингтон ги обвини кинеските агенти дека се обидуваат да украдат медицински и други истражувања во Тексас. 

„Мерката која ја презеде Кина е легитимен и неопходен одговор на неопрадавниот чин на САД. Моменталните односи меѓу Кина и САД не се онакви како што Кина би сакала да бидат. Соединетите Американски Држави се одговорни за тоа“, соопшти кинеското министерство за надворешни работи.

Министерството уште еднаш ги повика САД веднаш да ја повлечат својата одлука и да создадат услови билатералните односи да се „вратат на вистинскиот пат“.

„Центар за шпионажа"

Уште во средата, портпарол на кинеското министерство зборуваше за „политичка провокација“ по наредбата на Вашингтон да биде затворен кинескиот конзулат во Хјустон во рок од 72 часа, и се закани со одмазда доколку одлуката не биде повлечена.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео пак ја бранеше одлуката за затворање на конзулатот и обвини за шпионажа. Кинескиот конзулат во градот  во сојузната држава Тексас беше „центар за шпионажа и кражба на интелектуална сопственост“, изјави Помпео за време на говорот во библиотеката „Ричард Никсон“ во Јорба Линда, во сојузната држава Калифорнија.

Повеќе:

-Трамп се заканува со прекин на односите со Кина поради коронавирусот

-Пандемиска Студена војна меѓу САД и Кина

-Пропагандна војна помеѓу Кина и САД: Чиј е коронавирусот?

САД во Кина имаат амбасада во Пекинг и конзулати во пет стратешки важни града - Шангај, Гуанжу, Ченгду, Шенјанг и во Вухан, а имаат конзулат и во Хонг Конг.

Американската администрација директно ја обвини Кина за пандемијата со коронавирусот и ги обвини кинеските компании како Хуавеј за сајбер шпионажа и кршење на човековите права во Кина, додека Хуавеи и Пекинг ги негираат обвинувањата.

 

Реклама