Спорните успеси на воинот Путин | Свет | DW | 02.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Спорните успеси на воинот Путин

Рускиот претседател направи погрешна пресметка. Војната во Украина оди по сосема друг тек од оној што тој го очекуваше, смета Миодраг Шориќ

Кај Русите не се забележува истиот ентузијазам – напротив, светот е сведок колку е низок нивниот морал и дека руските војници кои се на 18- или 19- годишна возраст воопшто не сакаат да се борат. Тие не наидуваат на фашистички режим во Украина, ниту пак на руско малцинство кое сака да биде ослободено. Русите ги пречекуваат со отпор и протести, а не со цвеќиња. Русите во Украина се далеку послободни отколку во Русија каде владее стравот, медиумите лажат, а секој вид на отпор или несогласување е потиснуван. 

Лагата царува 

Армијата го изневери Путин. Неговата  пропагандна машинерија  сега ќе мора да смисли некаков победоносен успех и потоа да ја шират оваа измислица преку телевизијата што ја контролираат. Но ова не е ништо ново, конечно Русија е татковината на легендарниот принц Потемкин. 

Со секој одминат ден од војната ситуацијата станува сѐ помрачна, а бројот на загинати војници се зголемува. Во меѓувреме во московските ресторани, кафетерии и барови си продолжува опуштениот живот, се пие водка и се танцува. Таа повторно е тука – колективната шизофренија што го дефинира „хомо советикус“ кој живее и преживува со лаги, со страв од тајните служби и со срам од сопствениот кукавичлук. 

Многу Руси и денес одбиваат да ја свртат главата и да ги игнорираат  злосторствата  извршени во нивно име. Еден ден кога вистината ќе излезе на виделина, и кога убиствата на нивните украински браќа повеќе нема да може да се негираат, тогаш ќе речат дека не знаеле и не се одговорни за тоа, и ќе се обидат некако да се извлечат – исто како по 1991. година.

Најголемите „достигнувања“ на Путин 

Путин  мора и понатаму да ја изолира земјата и да поттикнува ескалација на конфликтот за да преживее политички. Колку ли треба да е очаен кога веќе се заканува со атомско оружје? Очигледно, употребата на конвенционално оружје нема ефект. На крајот всушност го постигна она што на Западот никако не му одеше од рака – за само неколку месеци да го ослободи од зависноста од руски суровини и енергенси. 

На  Путин му успеа и да го натера мнозинството Германци, кои се инаку мирољубиви и претпочитаат хармонија, сега да се залагаат за цврст одговор кон руските напаѓачи. Подготвени се и да поднесат жртви ако со тоа ѝ помагаат на Украина. Германските политичари, кои се колебаат во однос на испраќањето оружје во Киев се ставени под притисок од јавноста. Левичарските социјалдемократи и Зелените во Бундестагот одобруваат милијарди евра за засилување на германскиот Бундесвер. 

 

НАТО се враќа во живот 

Инаку „поспаната” Германија за само неколку недели претрпе промени какви што не се случиле со децении. Земјата се врати на доблестите кои некогаш ја направија силна: организациски талент, трудољубивост, подготвеност да се жртвуваат. Нешто слично се случува и во други земји: Финска и Шведска размислуваат да се приклучат кон НАТО. Дури и пацифистичката Јапонија повторно се вооружува поради војната во Украина. Сето ова благодарение на Путин.

Soric Miodrag Kommentarbild App

Миодраг Шориќ

Тој му вдахна нов живот на НАТО кој беше прогласен за речиси мртов. Само САД сакаат да ѝ дадат на Украина повеќе од 30 милијарди долари за одбрана на својата земја. ЕУ ќе го следи примерот. Благодарение на Путин, нарачките кај западните компании кои произведуваат оружје се огромни како во времето на Студената војна.

Сепак, не може да стане збор за брз успех на Западот против Русија. Напротив. НАТО очекува судирите да се одолговлечат повеќе години. Москва никогаш веќе не смее да стане толку силна за да може да нападне други земји. Таа треба да плати за обновата на Украина, да ги повлече своите војници од Грузија и Молдавија, да ја напушти Белорусија. Во 1980-тите, економски супериорниот Запад ја искористи трката за вооружување за да ја банкротира Москва. Историјата се повторува. Само Русија сега е послаба од тогашниот СССР; а Западот поголем, пообединет и помоќен од кога било.

Кога никој не му противречи 

Како дојде до ова? Никој во Русија не се осмелува да му противречи на  Путин.  Дури и советскиот диктатор Сталин беше попаметен. Политбирото се плашеше од него, но некои негови членови го предупредуваа кога не беше во право. Сталин беше поприземен од  Путин,  избирајќи да спие на едноставен полски кревет. Путин пак сака да живее во луксузни палати и на јахти. Сталин беше попретпазлив, Путин е играч. Тој не го разбира современиот свет. Не користи интернет сам, ниту знае да праќа мејлови. Неговото однесување најмногу наликува на рускиот цар Иван IV, познат и како Иван Грозни, за време на Ливонската војна во 16 век . Русија  ја загуби таа војна, борејќи се со бројни помали сили и навлезе во политички бурното „Време на неволји“.

Значи, колку долго ќе трае руската војна против Украина? Сè додека Украинците се подготвени да ја бранат својата татковина. А што се однесува до поддршката на Западот за Украина, таа навистина само што почнува.