Сплит и Хрватска го испратија Оливер на последното патување | Панорама | DW | 01.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Сплит и Хрватска го испратија Оливер на последното патување

Со запалени факли, аплауз и изведба на неговите најголеми хитови, десетици илјади луѓе во Сплит емоционално го испратија Оливер Драгојевиќ, хрватскиот пејач кој беше обожуван ширум поранешна Југославија.

Доковите на Сплит беа претесни да ги соберат сите кои синоќа дојдоа да му изразат последна почит на најпознатиот хрватски пејач кој почина во неделата на 71-годишна возраст. Телото на Драгојевиќ со брод отплови до Вела Лука, каде денеска ќе биде погребан во кругот на семејството и најблиските пријатели, придружуван од воени бродови на хрватската морнарица и стотици мали бротчиња.

На маршрутата низ Сплит, ковчегот беше дочекуван со аплауз и овации, додека локален хор ги пееше неговите најголеми хитови.

На Корчула владееше молк сѐ до пристигнувањето на бродот, а потоа се разнесе громогласен аплауз откако ковчегот беше пренесен на копно.

Во Хрватска вчера беше ден на национално сочувство, а за денеска властите најавија дека бродската линија Сплит-Корчула ќе биде бесплатна за да им излезат во пресрет на сите оние кои сакаат да присуствуваат на погребот.

Пред испраќањето, водечките хрватски политичари, колеги музичари и фанови се собраа на комеморација во Хрватскиот народен театар во Сплит.

Гледај видео 00:50

Верувај во љубовта



Многумина плачеа додека траеше повеќеминутниот аплауз, а потоа станаа и заедно испеаја една од песните на Драгојевиќ. 
Погледнете повеќе во видеото: 

Гледај видео 01:38

Сплит го испрати Оливер

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама