Спектакуларна кражба на скапоцени камења од музеј во Дрезден | Панорама | DW | 25.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Спектакуларна кражба на скапоцени камења од музеј во Дрезден

Ограбен е Зелен свод, еден од најпознатите музеи во Германија, однесени се посебно ретки скапоцени камења и уметничко богатство со огромна вредност. Постои видео снимка на која се гледаат двајца крадци.

Висината на штетата по упадот во најпознатата ризница Зелен свод сѐ уште е нејасна. Полицијата на покраината Саксонија преку Твитер соопшти дека за вакви проценки е сѐ уште рано.

Кражбата е извршена во историскиот дел од збирката на накит од скапоцени камења и вредни уметнички објекти. Објектот на музејот инаку располага со силно обезбедување. Постои видео снимка на која се гледаат двајца осомничени крадци, соопшти денеска полицијата. Не е исклучено во кражбата да учествувале и други лица. Провалниците влегле преку еден прозорец, ги пресекле заштитните шипки и го скршиле стаклото. Целно пришле кон една изложбена витрина и ја ограбиле. 

Премиерот на Саксонија е шокиран: „Украдени се не само државни уметнички збирки, туку испокрадени сме и ние Саксонците. Вредните предмети во Зелен свод и во дворецот се дело на повеќевековна тешка работа на луѓето во Саксонија. Не е можно разбирање на историјата на нашата покраина без Зелен свод и државната уметничка збирка на Саксонија“, изјави Михаел Кречмер.

Според изјави на сведоци, денеска утрото изгорел струен трансформатор под мостот Аугустус, преку кој е можно да била настанал прекин на доводот на електрична струја до музејот. Портпаролка на претпријатието за електрична енергија Древаг го потврди инцидентот. Дали постои поврзаност меѓу изгорениот струен трансформатор и провалата, уште не е јасно.

USA New York | Grüner Diamant (Imago Images/UPI Photo/J. Angelillo)

Зелениот дијамант - највредниот експонат се наоѓа во Њујорк

Ризницата е основана од страна на саксонскиот кнез Аугуст Силниот (1670-1733) меѓу 1723 и 1730 година. Денес таа има два дела - историскиот се наоѓа во приземјето на резиденцијалниот дворец во автентично реставрираните простории. Еден кат погоре, во Новиот зелен свод, се изложени посебни експонати.

Еден од највредните делови на Зелен свод во моментов е изложен во Музејот Метрополитен во Њујорк - Зелениот дијамант од 41 карат.

Реклама