Спектакл на отворањето на параолимписките игри
30 август 2012Параолимписките игри, кои ќе траат до 9 септември, синоќа беа отворени во Лондон со спектакуларна свечена церемонија на олимпискиот стадион, пред околу 80 илјади гледачи. Игрите за отворени ги прогласи британската кралица Елизабета.
„Подгответе се да бидете инспирирани, да бидете одушевени... Овие Игри ќе бидат посетени како ниедни порано. Овие Игри ќе се паметат“, порача претседателот на организацискиот одбор Себастијан Коу.
На овие Игри учествуваат 4.200 спортисти од 164 земји од сите континенти, кои 11 денови ќе се натпреваруваат во 21 спортска дисциплина.
На лондонските Параолимпски игри учествува и Македонијa со двајца спортисти: стрелачите Ванчо Каранфилов, кој е носител на сребрен медал од Игрите во Атина во 2004 година и Оливера Наковска-Бикова, европска шампионка и светска вицешампионка, учесник на Параолимпијадите во Атина и Пекинг. Во дефилето на спортистите, македонското знаме го носеше нивниот тренер Бранимир Јовановски.