Спас за климата - сега или никогаш! | Свет | DW | 03.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Спас за климата - сега или никогаш!

На конференцијата на ОН за климата во Полска главна задача е да се спаси климатскиот договор од Париз и мултилатералниот пристап на ОН. Тоа ќе биде доволно тешко.

Поминаа три години, а се чини како да е од далечното минато, кога околу 190 земји на ОН еуфорично славеа во Париз. Тогаш беше усвоен климатскиот договор по долгогодишни преговори. Сите земји, и богати и сиромашни, сакаа да бидат вклучени. Температурата на Земјата не смее да се покачува повеќе од 2 степена, а уште подобро би било ако може да се намали. Богатите земји сакаа да дадат и повеќе пари на располагање за оваа цел. Се зборуваше за околу 100 милијарди долари годишно по 2020 година. Тогашната германска министерка за животна средина Барбара Хендрикс, по конференцијата за ДВ изјави: „Ова е историски момент за заштитата на климата. Сите деца кои сега доаѓаат на светот, ќе живеат до крајот на веков. И затоа е многу важно температурите да не бидат зголемени за повеќе од 2 степена, уште подобро за околу 1,5 степен.“

Повеќе: ВВФ: Човештвото немилосрдно ги исцрпува ресурсите

Трамп го напушти договорот

Сега, три години подоцна, претставниците на сите земји повторно се среќаваат, овојпат во Катовице, во Полска. Но, еуфоријата од Париз сега ја нема. Една година по договорот, во Америка за претседател беше избран Доналд Трамп. И кратко време потоа се повлече од договорот кој неговиот претходник Барак Обама го поддржуваше. Летото 2017 година Трамп одржа посебна прес-конференција во градината на Белата куќа.

„Како претседател јас сум посветен само на луѓето во Америка. Договорот од Париз ја поткопува нашата економија, ги парализира нашите работници и ни го повредува суверенитетот. Исто така, содржи и неприфатливи правни ризици и недостатоци во однос на другите земји. Сега е време да се напушти договорот од Париз.“

Demonstration Klimaschutz (picture alliance/imageBROKER)

Снешко на демонстрации во Берлин за заштита на климата, со транспарент на кој е напишано „Спаси ја мојата планета“

Исто така и земји како Ирак, Иран или Русија са уште го немаат финализирано договорот. И во Австралија и Бразил на власт дојдоа десничарско-националистички ориентирани влади, кои исто така не се одушевени од меѓународниот климатски договор. Германските активисти за заштита на климата како Луц Вајшер од Еколошката група Џерманвоч и покрај сѐ се оптимисти. „Климатскиот воз веќе не може да излезе од шините. Се вложува во развој на обновливи енегргии или во електровозилата, така што трендот за заштита на климата продолжува. Проблемот е само што тој климатскиот воз не вози доволно брзо.“

Повеќе: Ни Парискиот договор повеќе не ја спасува Земјата од глобално затоплување

Јасни предупредувања на научниците

Советот за заштита на климата, тело од 900 научници од цел цвет, претстави нов извештај. Топењето на глечерите, порастот на нивото на водите, сушите и горештините и натаму продолжуваат. Во Париз договорените цели веќе сега се преслаби, а дури и американските власти предупредуваат од последиците на климатските промени.

Klimawandel | Symbolbild (picture-alliance/dpa/Geisler-Fotopress)

Во Германија, според последните мерења, се испуштени повеќе штетни гасови од дозволените квоти

Затоа во Полска се планира да се надополни договорот од Париз, а целите што ќе се дефинираат за поединечни држави треба да се транспарентни и меѓусебно усогласени. Сиромашните земји пак бараат да се исполнат финансиските ветувања од пред три години. Вајшер вели: „Земјите кои во моментот најмногу се залагаат се оние кои најмногу се засегнати од промената на климата. Има коалиција од мали островски држави и земји во развој чија цел е да се префрлат само на обновливи извори на енергија. Кочничари се земјите како САД и Саудиска Арабија, кои зависат од фосилни извори на енергија.“

Се бара акција од ЕУ, но таа има свои проблеми

Со оглед на тоа дека САД отпаднаа како носачи на процесот, повторно сѐ е препуштено на ЕУ. Но, и во ЕУ на заштитата на климатасе гледа различно, а особено во источноевропските земји, кои се плашат дека ќе имаат последици по нивната економија. „ЕУ секогаш била конструктивен и важен партнер во овие преговори, нешто како предводник за заштита на климата", вели Вајшер и додава: „Но, во моментов ЕУ е преслаба во тој поглед и би требало за Катовице да си постави нешто повисоки цели."

Гледај видео 01:41

Климатска катастрофа во сиромашните земји

Но, Унијата и Германија имаат потешкотии да ги исполнат сопствените цели поставено до 2020 со оглед на тоа што во Германија, според последните мерења, се испуштени повеќе штетни гасови од дозволените квоти. Актуелната министерка за екологија, Свенја Шулце од СПД, е свесна што им е важно на сиромашните земји. Пред неколку дена во Бундестагот таа изјави: „Земјите во развој треба да може да се потпрат на ветените субвенции. Сакаме да договориме процес за тоа како сите во светот ќе станат поиновативни и подобри во заштита на климата."

Повеќе: Автопроизводителите во тесно: ЕУ бара намалување на издувните гасови

Покрај тоа, се работи и за заштита на мултилатералниот пристап на ОН од сите десни популисти на светот. Сите експерти се согласни дека или сите земји заедно ќе најдат решение, или нема да се најде воопшто. Националните решенија не помагаат многу.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама