Со Хеви Метал против конзервативизмот | Млади 21 | DW | 04.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Млади 21

Со Хеви Метал против конзервативизмот

И покрај поинаквите претстави на Западот за Иран и во оваа земја има модерни придвижувања. Така на пример и таму постои рок сцена. Мала, порадо се држи во тајност, но постојано расте.

На Запад преполни сали, во Иран мал круг на љубители

На Запад преполни сали, во Иран мал круг на љубители

Се наоѓаме во подрум голем 12 метри квадратни метри во една зграда во Техеран. Ѕидовите се обложени со стиропор, на подот има излитен теписон, но затоа музичката опрема, која нормално е спакувана во големи сандаци, сосема соодветствува на меѓународните стандарди.

„Тарантист” се вика групата на четирите момчиња кои овде и се предаваат на нивната најголема страст – свирење на Хеви Метал Рок. „Човек не може да каже дека луѓето во Исламската република не сакаат да слушаат рок музика. Луѓето овде се исти како и на било кое друго место. Дали во Америка или во Иран – слушањето рок музика е сосема нормално”.

Слаба промоција за рок музиката

Но, претставата на Западот за земјата предводена од исламските оџи, со оваа сосема поинаква “гласна” реалност во Исламската република, некако тешко се спојува. Тоа го отсликуваат и лицата на присутните гости: „Секако имаме и проблеми. Но, мислам дека тие се повеќе поврзани со неинформираноста на луѓето за оваа музика. Во земјата немаме медиуми или организации кои може да ја промовираат ваквата музика. Поради тоа Хеви металот не е популарен овде. Има мала група луѓе кои го слушаат радо, но поголемиот дел не знаат ни што е Хеви Метал. Доколку би имале вакви медиуми кои би ја претставиле и објасниле оваа музика, тогаш би ни било многу поедноставно.”

Така четворицата студенти, кои имаат цел да станат професионални музичари, си поставија задача Хеви Метал рокот да опстане во Иран. Тоа пред се значи да ги сузбијат предрасудите: „Некои луѓе веруваат дека Хеви металот е сурова музика и дека оној кој ја свири исто мора да биде суров. Но, тоа не е така. Ова е една многу сензитивна музика. А нам ни треба сензитивна музика за да може преку неа да си ги искажеме чуствата”.

Но, да се разјасни духот на оваа музика е само едната страна. Другата е, сопствениот талент, а со тоа и сопствената музичката мисија да се покаже јавно. Тука исламската република поставува замки. Официјално нема државен орган, кој би забранил или одобрил рок концерти, но јавните настапи сепак се движење во таканаречена сива зона. Овие четири момчиња имале концерти, но само во еден приватен подрум, во кој се собираат најмногу стотина фанови.

Реклама: човек на човек

Има и уште еден проблем – како да се изрекламира нивниот проект. „Имаме сопствена веб страна и преку неа ги информираме луѓето. Покрај ова, имавме закачено само еден едноставен плакат. Тоа беше се. Останатата реклама беше пренесување на информацијата од човек на човек. Во меѓувреме се пријавивме на еден натпревар во Техеран и освоивме прва награда. На крајот бевме дел од еден концерт во Амстердам. Но, на крајот на краиштата работите се одвиваат преку интернет”.

Во моментов најголема желба на четворицата музичари е да направат голем концерт во Германија. Бидејќи тука, велат тие, има многу Хеви метал фанови. Кон ова се придодава и фактот што Германците се многу ценети во Иран. Арсалан, Араш, Баман и Реза сепак се резервирани што се однесува во однос на настапите во нивната земја.

Секако концерт на отворено би бил нешто сосема друго отколку музичка сесија во подрум. Сепак тие се оптимисти за иднината на Хеви металот во Иран. Тие ќе се борат да ја задржат оваа мала сцена и таа ќе опстање, тврдат тие. „Има многу луѓе кои ги интересира ова. Верувам дека овде ги има повеќе отколку во останатите земји. Во секој случај стануваат се побројни и побројни”.

Поврзана содржина