Со речиси 700.000 случаи, Индија - трета најпогодена земја од коронавирусот | Свет | DW | 06.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Со речиси 700.000 случаи, Индија - трета најпогодена земја од коронавирусот

Бројките на новоинфицирани во Индија растат побрзо, откако мерките за ограничување на пандемијата беа значително олеснети заради поттикнување на економијата.

Индија од Русија го презеде третото место на листата на најпогодени земји во светот од пандемијата на коронавирусот, со речиси 700.000 случаи, покажуваат новите податоци, додека епидемијата во земјата не покажува знаци на стивнување.

Индиското министерство за здравство денеска објави дека во последните 24 часа се забележани 23.000 нови случаи, што е за нијанса помалку од рекордните 25.000 случаи на ден, што беше забележано вчера.

Милиони без работа

Во Индија од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во јануари починаа 20.000 луѓе. Земјата сега го презеде неславното трето место на најпогодени земји, по САД и Бразил.

Повеќе:

-Индија: Паралелно со ублажувањето на мерките, расте бројот на инфицирани

-Една третина од светското население во карантин

-Фотографија на денот: Со рикша против коронавирусот

Бројот на случаи во Индија е 8 пати поголем отколку што забележа Кина, која има сличен број на жители и каде вирусот се појави кон крајот минатата година.

Бројките на новоинфицирани во Индија растат побрзо, откако мерките за ограничување на пандемијата беа значително олеснети заради поттикнување на економијата. Милиони луѓе состанаа без работа за време на строгиот карантин, а многумина стравуваа од глад. 

Таџ Махал останува затворен

Официјалните лица соопштија дека ја повлекуваат одлуката за отворање на најпознатата индиска турисктичка атракција Таџ Махал во градот Агра, 200 километри југоисточно од Њу Делхи, со оглед на порастот на бројката заболени во ова подрачје.

Локалните власти издадоа нова уредба со која се продолжува затворањето на споменикот во Агра, но не е прецизирано колку долго, пренесува новинската агенција Ројтерс.„Во интерес на јавноста, одлучено е дека отворање на споменикот во Агри засега не е препорачливо“, се вели во соопштението.

Агра, едно од првите големи жаришта во Индија, и натаму е најтешко погоден град со заразата во Утар Прадеш, најбројната провинција во земјата.

Во светот со коронавирусот се заразени над 11 милиони луѓе, најмногу заразени има во САД - 2,8 милиони, а следат Бразил, Индија, Русија и Велика Британија.

 

Поврзана содржина

Реклама