Со рачна работа до дизајнерска софа
6 декември 2012Стабилна рамка е основа за секоја софа. Кај КОР се сече, се монтира и се лепи рачно. Рачна изработка, исто како и со останатиот дел од процесот до готова софа, кој опфаќа околу сто чекори. Тоа е луксуз којшто може да си го дозволат само мал број производители на мебел.
Лео Либке е израснат во мануфактурата и раководи со бизнисот веќе шест години. Неговата фирма неделно произведува повеќе од илјада фотелји и софи, дизајнерски парчиња за соодветна цена.
„Притисок има, и ние мора да работиме економично и да ги оптимираме процесите за да имаме што пониски трошоци. Не можеме да бидеме поевтини, мора да бидеме подобри.“
Семејното претпријатие е успешно токму поради тоа што може да биде иновативно и флексибилно во релативно мала бизнис-сфера, како кога станува, на пример, збор за тоа да се погоди вкусот на муштеријата.
Семејниот елемент во претпријатието игра исто така голема улога. Либке е трета генерација, а мајка му до денес е важен советник.
„Таа е и добриот дух кој забележува ако расположението некаде не е оптимално. Тогаш таа оди кај луѓето и ги прашува што е работата и дали може да помогне. Вработените се исклучително задоволни што таа потоа со нив не разговара на оперативно ниво, туку на човечко ниво“, објаснува Лео Либке.
Се чини обезбедена е и иднината - едно од трите деца на Либке треба да го води натаму претпријатието за мебел.