Со една ракета однесени 104 сателити во вселената | Панорама | DW | 15.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Со една ракета однесени 104 сателити во вселената

Индија успеа со само една ракета-носач во вселената да испрати 104 сателити. Ракетата е лансирана од вселенскиот центар Шрихарикота.

Ракетата однесе 714 килограми тежок сателит за набљудување на Земјата од вселената, како и 103 други помали сателити со вкупна тежина од 664 килограми. Најмалиот од овие т.н. нано-сателити тежи само 1,1 килограми. Од нано-сателитите, 96 им припаѓаат на САД, додека другите се на земји како Холандија, Швајцарија и Израел.

Индија сега постави нов светски рекорд за ракета-носач со најголем број сателити. Досега рекордот го држеше Русија, која во 2014 година во вселената одеднаш однесе 39 сателити.

Гледај видео 00:59

Вселенски светски рекорд

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама