Сојузниците напомош во корона-кризата: НАТО донираше 60 респиратори | Северна Македонија | DW | 30.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Сојузниците напомош во корона-кризата: НАТО донираше 60 респиратори

Донација од 60 транспортни респиратори од фондот на НАТО за одговор на пандемијата на коронавирусот денеска пристигнаа на аеродромот во Скопје. Вредноста на опремата е 1,4 милиони евра.

Новите респиратори кои ги донираше НАТО ќе бидат користени при транспорт на пациентите во амбулантите од една болничка установа во друга. Според министерот за здравство Венко Филипче, донацијата „значајно ќе го зајакне здравствениот систем во тој сегмент“.
Филипче оцени дека симболот на актуелната здравствена криза е солидарноста и изрази благодарност до НАТО сојузот и посебно САД.
„Тие од почетокот на кризата донираа и заштитна и медицинска опрема без којашто навистина тешко ќе можевме да го менаџираме овој голем здравствен предизвик, оваа голема здравствена криза“, рече Филипче.

Nordmazedonien Flughafen Skopje | NATO-Hilfe in Corona-Krise

Помошта на аеродромот во Скопје ја пречека владина делегација


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека опремата стигнала во Северна Македонија со авион на италијанското воздухопловство којшто е финансиран од страна на Луксембург. Шекеринска рече дека членството во најмоќниот воено политички сојуз значи дека тогаш кога ќе имаш најголеми проблеми, ќе имаш на кого да се потпреш. Ова е втор пат од почетокот на пандемијата, Северна Македонија да  добива помош од НАТО, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи, заблагодарувајќи се за помошта.

DW.COM

Реклама