Сообраќајниот метеж кај Довер полека попушта | Свет | DW | 26.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Сообраќајниот метеж кај Довер полека попушта

Се повеќе британски војници им помагаат на возачите на камиони заглавени на брегот на каналот Ламанш. До крајот на вчерашниот ден, огромниот сообраќајниот метеж беше приближно преполовен.

Повеќе од 4.500 камиони блокирани во англиското пристаниште Довер можеа да ја напуштат Велика Британија од средата благодарејќи на масовната операција на тестирање на Ковид-19 во која беа вклучени над 1.000 војници.

Франција во неделата вечер целосно ги затвори границите со Британија поради појавата на новиот сој на коронавирусот. Блокадата беше укината во средата наутро, под услов возачите да имаат негативен тест на вирусот, но во меѓувреме се собраа огромен број камиони на англиската страна и требаше време и засилена организација да се обезбеди тестирање за сите.

Илјадници камионџии чекаа повеќе дена за да се вратат дома, некои ги паркираа возилата на стариот аеродром, други директно на автопатот.Во петокот вечер повеќе од 4.500 камиони можеа да заминат, изјави британскиот миснистер за сообраќај Грант Шапс. Спроведени се над 10.000 теста, од кои 24 беа позитивни, вели тој. 

Повеќе:

-Велика Британија: Камионџиите заглавени поради короната го истурија гневот врз полицијата

-Божиќни корона-заложници: Илјадници камионџии заглавени на патиштата

-Merry Brexmas!

Во нормални времиња до 10.000 камиони преминуваат дневно преку Довер, кој е главно англиско пристаниште за преминување преку Ламанш. За да се зголеми капацитетот на тестирањата англиското министерството за одбрана објави дека ќе распореди уште 800 војници, покрај веќе мобилизираните 300.„Иако е остварен голем напредок, стотици возила можеа да ја напуштат Велика Британија, потребно е зголемување на тестирањата бидејќи постојанопристигнуваат нови возила.“

Војниците, исто така, учествуваат во распределување на вода и храна на блокираните возачи. За да обезбедат побрзо враќање во нормала Велика Британија и Франција се договорија вонредно да го задржат сообраќајот преку Ламанш, со брод и со железница на Божиќ.

Траектните компании товарат возила само во правецот Довер-Кале.Со ова темпо ситуацијата би требало целосно да се расчисти во текот на денешниот ден.

Поврзана содржина

Реклама