1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сонот за Голема Албанија е се’ уште жив

Вилма Филај Балвора/ Симе Недевски28 ноември 2012

На 28 ноември 1912 година Албанија прогласи независност. Основање на држава при кое многу Албанци останаа надвор од неа - пред се’ на Косово. Оттогаш наваму живее идејата за обединување на „сите Албанци во една држава“.

https://p.dw.com/p/16qib
Фотографија: DW/A. Topi

Сонот за обединување на Косово и Албанија доби нов полет по прогласувањето на независноста на Косово во февруари 2008 година. Националистичкото движење „Самоопределување“ е застапено во косовскиот парламент како трета сила по големина. „ Националното обединување на Косово и Албанија е неспорно право на Албанците, зашто во текот на историјата биле неправедно разделени“ , аргументира Глаук Конуфца, еден од водечките политичари на „Самоопределување“ и се повикува притоа на 100-годишната историја на албанската самостојност. Неговата партија стреми кон референдум за обединување, но досега нејзините предлози се без успех во косовскиот парламент.

Движењето „Самоопределување“ меѓутоа во никој случај не е осамено во своите планови. Во Албанија слични цели следи партијата „Црвено-црна Алијанса“, основана во 2012 година. Истовремено во останатите области населени со Албанци во соседните држави, како Македонија и Црна Гора и јужна Србија, има националистички групации, кои албанското знаме со црниот двоглав орел на црвена основа го гледаат како свое национално знаме и на кои им е помило порано отколку подоцна да и‘ се приклучат на вистинската татковина.

Основање на државата

Ausschreitungen im Kosovo Podujevo
Приврзеници на „самоопределување“ на митинг во ПриштинаФотографија: AP

Уште самото основање на Албанија беше во знакот на поделба на областите населени со Албанци. Кога пред сто години силите победнички во првата Балканска Војна - Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора веќе започнаа со поделба на регионите освоени од Османлиското царство, Албанците на 28 ноември 1912 година во пристанишниот град Валона прогласија независна држава. Тоа беше вистински момент за такво нешто, објаснува историчарот Оливер Шмит: „Прогласувањето на независност на Албанија не беше резултат на долго планирање на албанското национално движење“.

Распаѓањето на османлиската власт и фактот дека српските, црногорските и грчките трупи многу бргу продреа во областите населени со Албанци „ги принудија на дејствување тогашните големи сили, посебно Австро-Унгарија и Италија“, објаснува Шмит. Тие беа загрижени , дека Србија, близок сојузник на Русија би можела да ја прошири својата територија се’ до Јадранското море и оти со тоа би можел да се помести балансот на моќ во регионот.

Големите сили ја признаа Албанија во нејзините денешни граници, на конференцијата во Лондон во 1913 година. Со тоа половина од Албанците останаа надвор од албанската држава, повеќето од нив во границите на подоцнежна Југославија: во Косово, Македонија, јужна Србија и Црна Гора.

Соништа за голема Албанија

Logo Bürgerinitiative Aleanca Kuq e Zi albanische Diaspora Albanien
Логото на „Црвено-црна Алијанса“ од АлбанијаФотографија: aleancakuqezi

Во Косово каде мнозинството од населението се Албанци , повеќепати имаше залудни обиди за добивање на статус на република во поранешна Југославија. Но дури кога на крајот на 90-те години од минатиот век кога Југославија веќе беше распадната , на Албанците им успеа со војна да се изборат за независност од Србија. Со прогласувањето на независноста во 2008 година косовските Албанци ја основаа досега најмладата држава во Европа.

Сега има две албански држави и повеќе региони во соседните земји, во кои Албанците се мнозинско население - за националистите кои сонуваат за заедничка држава на сите Албанци поради тоа се’ уште не е завршен нивниот национален проект. Особено во Македонија и во јужна Србија секогаш одново доаѓа до тензии меѓу различните етнички групи и одвреме-навреме и до насилни инциденти.

Сите Албанци- во ЕУ

Liberalisierung der EU-Visa für Albanien Tirana Feierlichkeiten
Европа- заедничка цел на сите АлбанциФотографија: DW

Историчарот Оливер Шмит меѓутоа оптимистички истакнува дека и покрај емоционалните дебати досега нема никакви конкретни планови за создавање на една таква нова држава.

„Дебата која ги задоволува интелектуалните претензии и води сметка за уставно-правните аспекти досега не е водена“, вели Шмит. Зашто поместување на границите во регионот би можело да предизвика цела редица случувања кои не можат да се контролираат- бурето барут Балкан би можело повторно да експлодира.

Затоа е дотолку поважно официјално „ни во Албанија, ниту надвор од неа да егзистираат планови за некаква агенда за Голема Албанија“, вели Ветон Љатифи, професор за меѓународно право од Македонија. Свеста за припадност на етничката група е присутна, што може да се види во тоа дека јубилејот на основањето на албанската држава се слави не само во Албанија, туку насекаде каде што живеат Албанци. Меѓутоа, вели Љатифи, „официјално има само една агенда: интеграцијата на Балканот во ЕУ“. Затоа со големо единство највлијателните албански политичари во регионот истакнуваат дека само со интеграцијата на сите балкански земји во ЕУ, ќе биде остварен сонот за живот на сите Албанци во една држава.