Солзите на Норвешка не пресушуваат | Европа | DW | 24.07.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Солзите на Норвешка не пресушуваат

Со централна комеморација Норвежаните денеска им оддадоа почит на близу 100-те жртви на двојниот напад. Уапсениот напаѓач според полицијата ги признал двете дела. Тој тврди дека нема соучесник, но полицијата истражува.

Норвешка тагува по своите деца

Норвешка тагува по своите деца

Над стотина луѓе присуствуваа денеска на комеморацијата во катедрала во Осло за жртвите на двата напади од петокот, во кои загинаа најмалку 93 лица, а премиерот Јенс Столтенберг порача дека дури сега ќе се согледа колкаво зло претставуваат овие напади.

Во меѓувреме, бројот на жртвите во двојниот напад се зголеми на 93, откако едно лице им подлегна на повредите.

NO FLASH Norwegen Anschläge Juli 2011 Trauer

„Ние сме мала земја, но горд народ“, порача Столтенберг, истакнувајќи дека Норвешка „никогаш нема да се откаже од своите вредности“.

На комеморацијата присуствуваа и членови на кралското семејство и други угледни личности.

Брејвик ги признал делата

Норвешката полиција соопшти претходно дека Норвежанецот Андерс Беринг Брејвик, кој призна дека го изврши бомбашкиот напад во Осло и нападот на островот Утоја, тврди дека делувал самостојно, додека полицијата продолжува да ги испитува овие информации.

Norwegen Anschläge Juli 2011 Utoya Trauer

Адвокатот на Брејвик изјави во исто време дека неговиот клиент сакал да го нападне општеството, за да го промени. Тој сакал промени во општеството и од негова гледна точка требало да предизвика револуција, изјави адвокатот Геир Липестад.

Според информации на полицијата, уапсениот Брејвик е фундаментален христијанин, кој одржувал тесни врски со десноекстремистичката сцена. Норвешките медиуми соопштуваат дека тој на интернет објавил „расистички манифест“, во кој го напаѓа мултикултурното норвешко општество и муслиманските доселеници. Од текстот, долг цели 1.500 страници, произлегува и дека Брејвик го планирал делото речиси две години.

Документот, поставен на интернет, е комбинација на дневник, упатство за правење експлозивни направи и политички трактат во кој Брејвик детално ја изразува својата исламофобија, нападите на марксизмот и говори за својата иницијација во редот на витезите на Темпларите. Брејвик своите дела ги опишал како „грозни, но неопходни“.

Таткото на Брејвик изјави дека е шокиран и оти дознал за делото на неговиот син од весниците. Мажот е пензионер кој живее во Франција и тврди дека не одржува контакти со својот син од 1995 година.

Anders Behring Breivik NO FLASH

„Нападите се грозни, но неопходни“, гласи оценката на Брејвик

Во петокот во Норвешка загинаа 93 луѓе, од кои 86 млади лица, кои беа собрани на островот Утоја, како учесници на младинскиот камп на владејачките социјалдемократи. Брејвик прво активира автомобил-бомба од околу 500 килограми пред зградата на владата во норвешкиот главен град Осло, при што загинаа најмалку седум лица. Потоа, облечен во полициска униформа, се упати кон островот Утоја, каде отвори оган и ги застрела останатите 86 жртви.

Герт Вилдерс се дистанцира од „психопатот“

Холандскиот десен популист Герт Вилдерс ги осуди нападите и напаѓачот го нарече „насилен и болен психопат“. Неговата Партија на слободата го отфрлува сетоа она што Брејвик го претставува и направи. Холандските медиуми претходно објавија дека Беринг Брејвик негувал посебни симпатии за идеалите на партијата на Герт Вилдерс.

Автор: ЖА/дв/дпа/афп/миа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM

Поврзана содржина