Солана: проблемите можат да се надминат | Балкан | DW | 14.07.2009
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Солана: проблемите можат да се надминат

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедосна политика Хавиер Солана денеска ја продолжува мини-турнејата по земјите од Западен Балкан со посета на Македонија и Косово. Тој претходно престојуваше во Белград.

Хавиер Солана и Вук Јеремиќ

Хавиер Солана и Вук Јеремиќ

Солана, според најавите, во Скопје треба да се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на опозиционата СДСМ, Бранко Црвенковски. Посетата на регионот Солана ја почна во Белград, каде се сретна со претставниците на српскиот државен врв.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, посетата на Белград ја почна со средба со министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ. Солана во таа прилика посебно ја истакна важноста за прашањето за визна либерализиција и најави добри вести за граѓаните на Србија.

„Денеска не можам да објавам ништо посебно, но можам да кажам дека во наредните неколку денови, се надевам, ќе имате многу добри вести, ќе ми биде драго да ги чујам овие вести“, рече Солана во Белград.

Шефот на српската дипломатија, Јеремиќ, исто така нагласи дека се очекуваат добри вести по прашањето на визната либерализација.

„Остануваме на нашата определба, на патот кон ЕУ. Определбата на оваа влада за членство во ЕУ е силна. Во Европа постои подготвеност да не’ прифатат и ќе продолжиме да соработуваме по тоа прашање.“

EU-Außenministertreffen in Bremen am 30.03.2007

Хавиер Солана

Србија е важна за ЕУ

Хавиер Солана исто така истакна дека во текот на оваа посета на Белград на соговорниците сака да им пренесе многу важна порака:

"За нас, за Европската унија, важно е да ги продлабочиме односите со вашата земја. Проблеми се’уште постојат, но ви гарантирам дека ќе се обидеме да ги надминеме“, нагласи Солана. На средбата на Солана со Јеремиќ, Косово не било посебна тема, појасни српскиот министер.

„Не разговараме многу за Косово. Се разбира, разговаравме за сите теми што се поврзани со мирот и стабилноста во регионот. Во тој контекст разговаравме и за предизвиците со кои сме заеднички соочени на Косово, особено кога е во прашање безбедноста за граѓаните на покраината“, рече Јеремиќ.

Пофалба за напорите

Европскиот дипломат во Белград се сретна и со српскиот премиер Мирко Цветковиќ, по што Солана ги пофали напорите на српската влада за надминување на проблемите на патот кон Европската унија и уште еднаш потврди дека може да се очекуваат добри вести околу либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Србија. Посетата на Белград Солана ја заврши со средба со претседателот на Србија, Борис Тадиќ, по што изрази уверување дека ќе заокружи соработката на Србија со Хашкиот Трибунал. Тадиќ од своја страна, пак, повтори дека Србија ќе го брани својот суверенитет и целосност и никогаш нема да го признае Косово.

Турнејата на Солана по регионот најверојатно претставува негова проштална посета, бидејќи оваа есен ја напушта функцијата висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

AT/ Ивица Петровиќ/бета

Редактор: Жана Ацеска


Поврзана содржина