Советот на Европа со осуда за Грција | Свет | DW | 19.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Советот на Европа со осуда за Грција

Целосно пренатрупани и екстремно нечисти, згора на тоа удирање на жителите со стапови и тупаници. Комитетот за борба против тортура на Советот на Европа е шокиран од условите во грчките бегалски кампови.

 Комитетот против тортура на Советот на Европа оцени дека условите во камповите за мигранти во Грција се  „далеку под нормата“ и додаде дека постојот „веродостојни тврдења“ за полициско „злоставување“ на лицата кои поднесуваат барања за азил.

„Странците кои се лишени од слобода во Грција мораат да бидат третирани хумано и нивното достоинство мора да се почитува“, се наведува во извештајот на Европскиот комитет за спречување тортура во најновиот извештај до кој пристап денеска имаше агенцијата Франс прес.

Во текстот составен по посетата на делегацијата во Грција минатата година, се наведува дека условите за притвор се значително под стандардот во некои полициски станици и на граничните премини, особено на североистокот на земјата, на границата со Турција.

Во извештајот се наведува нечистотијата и голем број луѓе во мали простории и се додава оти некои мигранти се жалеле на физичко и вербално полициско малтретирање.

Комитетот ги повика грчките власти да го зголемат бројот на сместувања особено за малолетните мигранти.

Во претходниот извештај на Комитетот објавен во 2017 година, исто така, се осудуваат „неприфатливите“ услови за сместување на мигрантите.

Реклама