Советничка на Трамп доби отказ поради Меланија | Свет | DW | 15.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Советничка на Трамп доби отказ поради Меланија

Мира Рикардел, заменичка на советникот за национална безбедност на американскиот претседател Трамп, доби отказ по барање на првата дама.

USA Washington - Donald Trump und Mira Ricardel (picture-alliance/AP Photo/E. Vucci)

Мира Рикардел, десно од Трамп, за време на прием во Белата куќа (13.11.2018)

На постојаните смени на персонал во Белата куќа светот во меѓувреме се навикна, но најновата се издвојува поради тоа што е резултат на желбата на сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп.

Првата дама во вторникот направи апсолутно невообичаен чакор - се вмеша во персоналните прашања во рамките на владата на сопругот и преку својата портпаролка соопшти дека Мира Рикардел „според мислењето на канцеларијата на Првата дама“ повеќе не заслужува да работи за Белата куќа.

Рикардел досега му беше заменичка на советникот за национална безбедност Џон Болтон. Американските медиуми јавуват дека Рикардел и канцеларијата на Меланија Трамп во текот на изминатите недели се судриле околу организаторски и финансиски прашања во врска со самостојното патување на првата дама во Африка, во октомври. Освен тоа, Мира Рикардел наводно е осомничена и за ширење негативни приказни за сопругата на американскиот претседател.

Melania Trump Besuch in Ghana (picture-alliance/AP Photo/C. Kaster)

Меланија Трамп и Мира Рикардел се судриле околу организаторски и финансиски прашања во врска со самостојното патување на првата дама во Африка (на фотографијата: Меланија Трамп во Гана, 2.10.2018)

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека Мира Рикардел и натаму со својата работа ќе го поддржува американскиот претседател, но ќе ја напушти Белата куќа. Таа, според зборовите на Сандерс, би требало да преземе „нова улога“ во администрацијата. Други детали за новото работно место на Рикардел не се соопштени.

Меланија Трамп вообичаено се воздржува од давање изјави, особено не изјави од политички вид. Тоа што сега офанзивно побара отпуштање на висок функционер во власта, е причина за „чулење на ушите“ во Вашингтон. Особено изненадува фактот што нејзиното барање заврши со непосредни консеквенции.

Повеќе: Меланија контра Доналд Трамп

Во моментов повеќе високи претставници на владата се несигурни во своите фотелји. Американскиот претседател Трамп пред неколку дена го отпушти министерот за правда Џеф Сешнс, а американските медиуми како функционери на „климави нозе“ ги сметаат и министерката за внатрешни работи Кирстјен Нилсен и шефот на кабинетот на Белата куќа, Џон Кели.

DW.COM

Реклама