1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Снег во Бразил

30 јули 2021

Студениот бран кој го зафати Бразил, донесе снег на југот на земјата.

https://p.dw.com/p/3yIcD
Brasilien I Schnee in  Río Grande do Sul
Фотографија: Lho_nardo/REUTERS

„Феноменот, кој ги израдува туристите и мештаните, е регистриран во повеќе од десет градови во сојузната држава Санта Катарина“, извести регионалниот портал „Сао Жоаким Онлајн“. Тој снегот го нарече „убав подарок од небото“.

Во соседната сојузна држава Рио Гранде до Сул снег падна во најмалку 31 градови, а во некои од нив се регистрирани и температури под нулата. На досега најниските температури годинава луѓето излегоа на улиците за да се восхитуваат на снегулките.

Студениот бран би требало да го зафати југоистокот и метрополи како Сао Паоло и Рио де Жанеиро најдоцна до сабота. За Рио се најавени силни ветришта и бранови со височина до четири метри. Метеоролозите велат дека студот се должи на поларниот воздух од југот на континентот и на промените на климата.