Смртоносни пукотници на турнир во видео игри во Флорида | Свет | DW | 27.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Смртоносни пукотници на турнир во видео игри во Флорида

Во градот Џексонвил, Флорида, се случи вооружен напад за време на турнир во видео игри. Неколку луѓе се убиени. Причините за инцидентот не се докрај јасни.

Најмалку три лица загинаа, меѓу нив и напаѓачот, а 11 се ранети откако 24-годишен маж од Балтимор отвори оган од автоматско оружје на турнирот во видео игри во Џексонвил во американската сојузна држава Флорида. Ова е последниот биланс од смртоносната престрелка, кој утрината го соопштија властите во Флорида.

„Три лица загинаа на лице место. Една од жртвите е и напаѓачот, кој си го одземал животот“, изјави одговорниот шериф Мајк Вилијамс. Се верува дека напаѓачот е 24-годишниот Дејвид Кац од Балтимор, истакна шерифот.

Турнирот во видео-игри, кој во живо беше пренесуван на интернeт, се одржуваше вчера во трговски центар со ресторани и продавници во Џексонвил. На турнирот се играше симулацијата на американски фудбал „Маден НФЛ 2019“ а се верува дека и напаѓачот учествувал на турнирот.

Американските медиуми шпекулираат дека напаѓачот отворил оган кон своите соиграчи затоа што бил лут поради изгубен меч. Официјално, ваквите шпекулации сѐ уште не се потврдени.

 

Реклама