Смртоносна експлозија во Мексико | Свет | DW | 19.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Смртоносна експлозија во Мексико

Според последните информации повеќе од 60 лица загинаа при експлозија на нафтовод во мексиканската сојузна држава Идалго. Жртвите очигледно се обиделе да налеат бензин кој протекувал од продупчениот нафтовод.

Најновиот биланс на загинати во експлозијата на нафтовод во централниот дел на Мексико која се случила во момент кога луѓе се обидувале да ги наполнат своите канистри со нафта, која истекувала од нафтоводот, изнесува 66, соопштија мексиканските власти. 76 пак се повредени. 

Пожарот кој сѐ уште не е ставен под контрола избувнал во близина на рафинеријата Тула во областа Тлахиелипан каде неколку часа претходно дојде до излевање на нафта што ги привлече луѓето кои сакале да земат од истечената нафта. Властите сметаат дека крадци  на гориво ја пробиле нафтоводната цевка, пренесува новинската агенција Ројтерс.

На телевизиските снимки можат да се видат како луѓе со канистри собираат нафта која во млазеви се излева од навтоводот.

Повеќе:

-Мексико во костец поради кражбата на бензин

Подоцна снимките го прикажуваат нафотводот зафатен од оган и луѓе како врескаат и бараат помош. Гувернерот на мексиканската држава Идалго, Омар Фајад, утрината изјави  дека спасувачите пронешле 21 тело, а оти пожарот сѐ уште не е изгасен. „Има многу повредени. Многу, најмалку 54 со тешки изгореници. Постои многу врело подрачје до кое не можеме да пристапиме, и затоа мислиме дека бројот на мртви или повредени би можел да биде поголем“, изјави Фајад.

Ова е, како што наведува Ројтерс, една од најлошите експлозии на нафтоводи во Мексико во поблиската историја.

Овој инцидент се случува откако новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор започна национална стратегија против кражбата на бензин од која само во минатата и предминатата години Мексико загуби околу 3 милијарди долари.

 

DW.COM

Реклама