1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Смртоносна бродска несреќа на Дунав

СН/ агенции
30 мај 2019

При потонувањето на туристички брод во Будимпешта загинаа најмалку седум луѓе. 21 патник на бродот се водат како исчезнати. Лошото време ја отежнува потрагата по преживеани.

https://p.dw.com/p/3JUjR
Ungarn Boot gekentert
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Lakatos

Унгарската полиција денеска потврди дека најмалку 7 лица загинале, а 21 се водат како исчезнати, откако брод полн со туристи се преврте на реката Дунав во Будимпешта.Сите загинати се државјани на Јужна Кореја.

На бродот во моментот имало 33 лица, главно туристи од Јужна Кореја, а до несреќата дошло по судар со друг брод. Инцидентот се случил вчера (29.5.) околу 22 часот по локално време. Нивото на Дунав во Унгарија е зголемено поради обилните дождови, што доведе и до засилување на водената струја.

Budapest Ungarn Touristenboot gesunken
Фотографија: Reuters/B. Szabo

Унгарската полиција уште соопшти дека покренала истражна постапка за инцидентот. 

Потонатиот брод „Хаблеани“, односно Сирена, имаl две палуби и место за 45 лица, а е користен за туристички излети.

Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја потврди дека 19 државјани на Јужна Кореја се водат како исчезнати, нагласувајќи оти владата ќе испрати тим официјални лица во Унгарија.

Меѓу исчезнатите има и најмалку едно дете, потврдија од јужнокорејската туристичка агенција која го организираше патувањето.

Во тек е голема спасувачка акција на Дунав низводно од Будимпешта, а во потрагата за преживеани се вклучени бродови и нуркачи, додека радари ја скенираат реката.

Ungarn Bootsunglück auf der Donau
Фотографија: picture-alliance/AP Phpto/MTI/Z. Szigetvary

Делови од бродот Сирена се пронајдени кај мостот Маргит во Будимпешта, по неколку часа од потрагата.

Спасувачите предупредуваат дека поради силната струја од час во час има сѐ помалку шанси да има преживеани.

На бродовите им е забранета пловидба по должна на целата река јужно од Будимпешата.