Смртоносна бродска несреќа во Мисури | Свет | DW | 20.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Смртоносна бродска несреќа во Мисури

Силно невреме ги изненади семејствата кои со амфибиско возило пловеа по езерото Тејбл Рок. Вештачката акумулација се наоѓа во близина на границата со сојузната држава Арканзас

Најмалку 11 лица настрадаа во несреќата на туристичкиот брод (амфибиско возило) кој се преврти за време на бурата над езерото Тејбл Рок  во американската сојузна држава Мисури, соопштија локалните вести во САД.

На бродот се наоѓале 31 лице од кои 7 се повредени и префрлени во болница, наведоа доцна синоќа властите и додадоа дека се ангажирани нуркачки во потрага по исчезнатите.

Несреќата се случи на југот во Мисури на границата со државата Арканзас за време на бура која, според наводите на очевидци, се појавила одненадеж.

„Долго живеам тука, но никогаш не сум видел таква бура“, изјави еден жител и додаде оти локалната метеоролошка служба не предупредила дека ќе дојде до толку силно невреме.

Разурнувачки торнада во Ајова

Метеоролозите беа изненадени и од неколкуте торнада кои буквално протатнеа низ американската држава Ајова, уништувајќи сѐ пред себе.

Воздушните вртлози се формирале одненадеж, изјави Алекс Крал од Државниот метеоролошки завод на САД.. „Утрото изгледаше оти се можни огромни торнада. Во најлош случај очекувавме бура со град“. Во налетот на торнадата повредени се најмалку 17 лица.

Гледај видео 01:07

Разурнувачки и смртоносни непогоди во САД

На социјалните мрежи и на Јутуб се појавија неколку застрашувачки снимки од торнадата, кои ги погодиле градовите Маршалтаун, Пелу и Бондурант. Во Маршалтаун се повредени 10, а во Пелу 7 лица.

Најлошо било во Маршалтаун, град со 27.000 жители, каде торнадото откорнало покриви од згради и ја урнало куполата на зградата на судот. Оштетена е и локалната болница.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама