Смртоносен напад во супермаркет во САД | Свет | DW | 24.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Смртоносен напад во супермаркет во САД

Вооруженото насилство и смртоносните пукотници се речиси секојдневна појава во САД. Во најновата во сојузната држава Тенеси напаѓач со огнено оружје во супермаркет уби едно а рани најмалку 14 лица.

Причината за вооружениот напад во супермаркет во градот Колиервил, во близината на Мемфис во американската сојузна држава Тенеси сѐ уште не е позната.

Причината за вооружениот напад во супермаркет во градот Колиервил, во близината на Мемфис во американската сојузна држава Тенеси сѐ уште не е позната.

Едно лице е убиено,  а 14 се ранети вчера во вооружен напад во супермаркет во градот Колиервил, во близината на Мемфис во американската сојузна држава Тенеси.

Најмалку четири чица се тешко ранети, а напаѓачот, според наводите на полицијата, починал од повредите кои самиот си ги задал со оружје, но тоа сѐ уште се истражува. Нападот се случил во супермаркетот Крогер, соопшти паортпаролката на градската управа, Џенифер Кејси.

Полицискиот началник Деј Лејн на конференцијата за новинари рече дека ги пронашле вработените во Крогер како се кријат во фрижидери и во канцеларии. „Ова е најстрашното нешто кое се случило во историјата на Колиервил. Ужасно е, грозно е што нѝ се случи, но ова е една од најиздржливите заедници во САД“, додаде Лејн. Затворено е и средното училиште кое се наоѓа во близина.

Слаби закони за поседување оружје и широка употреба на огнено оружје во САД

Слаби закони за поседување оружје и широка употреба на огнено оружје во САД

Вооруженото насилство и смртоносните пукотници се речиси секојдневна појава во САД. Експертите велат дека насилството е поттикнато од слабите закони за поседување оружје и широката употреба на огнено оружје.