Смртни закани поради протест против Марадона | Теми | DW | 02.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Смртни закани поради протест против Марадона

Фудбалерката на шпанскиот клуб Вијахес Интеријас, Паула Дапена, добива закани по протестот кој ги изрази против Диего Марадона. Паула Дапена седна на земја и го сврте грбот за време на едноминутното молчење во чест на Марадона пред пријателскиот натпревар одигран во саботата.

Гледај видео 01:41

Паула Дапена тогаш истакна оти не сака да учествува во оддавањето почит на аргентинскиот фудбалер, поради обвинувањата за семејно насилство со кои се соочуваше Марадона.
Ситуацијата меѓу Марадона и неговата партнерка се забележани на видео снимка пред неколку години, но Аргентинецот не беше обвинет за семејно насилство.


На Дапена и' беа упатени пораки на поддршка на социјалните мрежи, но и пораки со кои и' се заканува со насилство.

Повеќе:

-Лекарот на Диего Марадона тврди дека е невин

-11 деца на Марадона во битка за неговите милиони

-Збогум Диего Марадона

Таа за шпанските медиуми изјави дека планира да ги пријави заканите на властите.
Марадона почина на 25 ноември од срцев удар, откако се опоравуваше од операција на мозокот.