Смртен случај во Швајцарија по примена вакцина | Панорама | DW | 30.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Смртен случај во Швајцарија по примена вакцина

91-годишен старец во Луцерн почина по вакцинирањето, но според најновите сознанија на здравствените власти, неговата смрт не се должи на таа причина.  

Ниту претходните, ни текот на актуелните заболувања кај 91-годишниот станар на старски сом во Луцерн не укажуваат на директна поврзаност со вакцинирањето и неговата смрт, соопшти Швајцарскиот институт за лекови Свисмедик.

Информациите кои стојат на располагање укажуваат на природна смрт како последица на постојни хронични заболувања. Лицето кое страдало од повеќе сериозни болести, почина неколку дена по примената вакцина во дом за стари и лица на кои им е потребна нега во Луцерн.  

Досега при вакцинирањето против коронавирус не се забележани непознати придружни појави, засега не постојат никакви потреби за промена на корисничкиот и ризико- профил, истакнуваат од Свисмедик.

Претходно, Лукас Јаги, портпарол на Свисмедик, објасни дека е во тек испитување дали смртниот случај вистински е поврзан со вакцинирањето против Ковид-19. Се разјаснуваат сите околности, како претходни заболувања или користени лекови кај починатото лице. Станува збор за стандардна постапка со која Свисмедик ги проверува информациите за можни придружни дејства и разјаснување дали дадениот лек или вакцина е нивен фактички причинител.

Досега во Швајцарија единствено се применува вакцината на Бионтек/Фајзер, за чие одобрение Свисмедик на 19 декември напиша дека најчестите документирани несакани дејства согласно со студиите за одобрение се споредливи со оние кои настапуваат при вакцинирање против грип. Свисмедик истакнува дека врши внимателно набљудување на безбедноста на серумот и ќе реагира доколку настапат сигнали за несигурност.

Ова е актуелизирана верзија на претходно објавената информација.

Реклама