Смог аларм: Забрана за половина возила во Мадрид | Панорама | DW | 29.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Смог аларм: Забрана за половина возила во Мадрид

Кој смее да вози автомобил во Мадрид кога воздухот е екстремно загаден? Градската управа денеска тоа им го дозволи само на возилата чии регистерски таблички завршуваат до непарен број- новост во Шпанија.

За првпат во Шпанија една градска управа презема таква драстична мерка против загадувањето на воздухот. Откако во Мадрiд смог алармот беше подигнат на претпоследниот степен  „3“, сега следуваат консеквенци: денеска во поширокиот градски центар односно во подрачјето во рамките на патната обиколница, смеат да возат само автомобили чии регистерски таблички завршуваат со непарен број. Исклучок се автобусите, такси и возилата за итна помош, со инвалидизирани лица како и оние со повеќе од тројца патници.

Намалувањето на возила на улиците на Мадрид треба да биде забележливо. Градот со 3,2 милиони жители и околу 1,8 милиони возила често страда од лоши вредности на воздухот. Степенот на тревога од смог „3“ е прогласен, која на две мерни станици беа измерено повеќе од 200 микрограма азотен оксид на кубен метар.

За здравјето

Заменичката-градоначалничка на Мадрид Марта Хигерас изјави дека кај оваа мерка не станува збор за ограничување на сообраќајот туку за здравјето на народот.  „Многу луѓе страдаат од проблеми со дишењето и се посебно тешко погодени од загадувањето на воздухот“, изјави Хигерас.

Сообраќајните ограничувања кои инаку се воведени од владејачката алијанска на левичарски групации во Мадрид, предизвикаа остри критики од страна на конзервативната Народна партија (ПП). Таа рестрикциите ги означи како „идеолошки“. Народната партија управуваше со градот повеќе од 25 години. Слични мерки во патниот сообраќај при загадување на воздухот, таа никогаш не воведе.

DW.COM

Реклама