1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Indien BG | Smog Umweltverschmutzung COP26
Фотографија: Imtiyaz Khan/AA/picture alliance

Смогот го парализира Њу Делхи

ЖА / агенции
17 ноември 2021

Поради густиот облак од смог, кој со денови е надвиснат над индиската метропола, училиштата се затворени на неодредено време. Од граѓаните се бара да работат од дома, забрането е движење на товарни возила.

https://www.dw.com/mk/%D1%81%D0%BC%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%82-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D1%9A%D1%83-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%85%D0%B8/a-59842964

Комисијата која го контролира квалитетот на воздухот во главниот град на Индија и регионот, синоќа донесе драстични одлуки. Училиштата и колеџите во  Њу Делхи  престануваат со работа на неодредено време, сите кои можат треба да работат од дома, а за товарните возила кои не пренесуваат стоки кои се неопходно потребни, важи забрана за движење.

До шест од единаесет електрани на јаглен во радииус од 300 километри е побарано првремено да ја прекинат работата, а запрени се и градежните работи на најголем дел од градилиштата. Комисијата побара најмалку половина од владините административци да работат од дома, повикувајќи ги вработените во приватниот сектор да го следат нивниот пример.

BdTD Indien | Taj Mahal im Smog
И познатиот Таџ Махал обвиен во смогФотографија: Sajjad Hussain/AFP/Getty Images

Во саботата властите во регионот на Њу Делхи веќе издадоа наредба за еднонеделно затворање на училиштата, но одбија воведување локдаун, што беше предлог на Врховниот суд. Ваква мерка би имала смисол само ако во борбата против загадувањето на воздухот бидат вклучени и околните сојузни држави, соопшти регионалната влада.

Њу Делхи е еден од најзагадените градови во светот. Од минатата недела над милионската метропола повторно е надвиснат густ сив смог. За загадувањето најмногу придонесоа, меѓу другото, и земјоделците од околината, кои на почетокот на зимата ги палеа остатоците од жетвата на полињата.

Во изминатата недела концентрацијата на ситна прашина во Њу Делхи повремено 30-кратно ја преминуваше граничната вредност пропишана од Светската здравствена организација. Според извештај на магазинот „Лансет“, во 2019 година во Њу Делги починале околу 17.500 луѓе од последици од загадениот воздух.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница