Случај Фрчкоски: Кој ќе го пополни амбасадорското место во Вашингтон? | Северна Македонија | DW | 05.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Случај Фрчкоски: Кој ќе го пополни амбасадорското место во Вашингтон?

Медиумите шпекулираат, премиерот Зоран Заев не коментира кој ќе замине како амбасадор во САД додека не добие агреман

Додека медиумите лиферуваат најразлични комбинаторки околу можните кандидати за пополнување на амбасадорските места, меѓу кои и за „најпосакуваното“ во САД, премиерот Зоран Заев порачува дека нема да коментира се додека не добијат агреман. Одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека професорот Љубомир Фрчкоски нема да биде амбасадор во Вашингтон, бидејќи не е добиена согласност, Заев вели дека ниту Владата, ниту која било институција коментира именување амбасадори додека не завршат постапките за која било земја или на кое било ниво. 
„Дури многу често и именувањето на почесните конзули не го коментираме додека не заврши постапката. Кога ќе завршат сите постапки, односно одлуки на влади, агреман од претседателот, агреман од земјата домаќин каде испраќаме амбасадор, соопштуваме бидејќи седницата во парламентот е јавна“, вели Заев.

Nord-Mazedonien Der Ministerpräsident der Regierung in Nord-Mazedonien, Zoran Zaev

Премиерот Зоран Заев нема да коментира за амбасадорите додека не добијат агреман

Заев потврдува дека слушнал околу комбинаториките за Фрчкоски како амбасадор - но во Њујорк, а не во Вашингтон. „За еден амбасадор прво се носат одлуки на Влади, па се добива агреман од претседателот, па агреман од земја-домаќин“, вели Заев.
Истото го потврди и министерот за надворешни работи Бујар Османи во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21. Тој рече дека името на професорот Фрчковски дека е кандидат и информациите дека се повлекува биле од медиумите. Тој потенцираше дека се додека Министерството за надворешни работи не потврди одредена кандидатура за назначување на амбасадор, не треба да се земе како официјална вест.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува  дека власта направила скандал и ја понижила САД. Според партијата, „на ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат-дипломатијата на Заев – Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчкоски“. 

DW.COM

Реклама