Случај „Новартис“: Дали грчки политичари биле поткупени од фармацевтскиот концерн? | Свет | DW | 13.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Случај „Новартис“: Дали грчки политичари биле поткупени од фармацевтскиот концерн?

Случајот „Новартис“ ја бранува Грција. Со расчистување на обвинувањата за поткупливост на грчки опозициски политичари сега ќе се занимава истражна комисија во грчкиот парламент.

Обвинувањата на заштитените сведоци се тешки: швајцарскиот фармацевтски концерн „Новартис“ наводно му давал поткуп на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас и други грчки политичари, како и на лекари за да се зголемат цените на неговите лекови и со брзо добивање дозволи да се завладее грчкиот пазар на медикаменти. Тоа, како што се вели од владини извори во Грција, во изминатите 15 години ја чинело државата 23 милијарди евра.

Во аферата наводно, покрај Самарас, се вмешани и поранешниот вицепремиер и министер за финасии Евангелос Венизелос од ПАСОК, како и актуелниот еврокомесар за бегалци и поранешен министер за здравство Димитрис Аврамопулос и актуелниот претседател на Централната банка, Јанис Стурнарас. Политичарите чии имиња се спомнуваат во врска со скандалот тврдат дека сето тоа се „клевети“ и обид на владата на Ципрас да ја подгрее политичката клима за да го сврти вниманието од тешката финансиска криза во земјата. Тие бараат да бидат објавени имињата на „свиркачите“, кои ја отворија аферата во јануари минатата година, по обидот за самоубиство на еден менаџер во „Новартис“.

Griechenland Regierungsbildung Samaras Tsipras (Reuters)

Андонис Самарас и Алексис Ципрас (архива)

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, од своја страна тврди дека се прават „обиди за заплашување на сведоците и правосудството“. Сега со случајот треба да се занимава грчкиот парламент. Ципрас најави основање истражна комисија. „Истражна комисија е единствениот институционален начин за расчистување на случајот Новартис“, изјави Ципрас за грчката телевизија. Покрај тоа, Атина има намера да бара и отштета од фармацевтскиот концерн.

„Новартис“ спроведува внатрешна истрага

„Новартис Грција“ вчера соопшти дека соработува со правосудните органи и дека сите информации објавени во медиумите се нецелосни. Од главното седиште на фирмата во Базел се вели дека „Новартис“ веќе почнал внатрешна истрага за случајот. „Решени сме да ја разјасниме ситуацијата и евентуално да преземеме одговорност за сите активности кои не ги исполнуваат високите стандарди за етичко деловно однесување. Новартис досега нема добиено увид во актите и за истрагата не е информаиран ниту од обвинителството ниту од парламентот во Грција“, соопшти концернот.

Athen Apotheke (DW/I. Anastassopoulou)

Според обинувањата на заштитените сведоци, „Новартис“ давал поткуп за да завладее со пазарот на лекови во Грција

Правосудното расчистување на случајот, според правниците, ќе трае со месеци, ако не и години. Грчкото правосудство минатата недела мораше да му ги проследи на парламентот резултатите од повеќемесечната истрага, поради тоа што многу наводно вмешани парламентарци уживаат пратенички имунитет.

 

Реклама