Случајот „Кокаин“ се води во најголема тајност | Северна Македонија | DW | 20.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Случајот „Кокаин“ се води во најголема тајност

„Кога ќе дојде време, ќе бидат презентирани сите информации“, е краткиот одговор што го добивме од МВР, за истрагата координирана со повеќе земји. 

Mazedonien Skopje Hauptquartier des Innenministeriums

МВР и ОЈО за гонење организиран криминал и корупција не кажуваат детали за истрагата

МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во најголема тајност ги чуваат деталите за истрагата координирана со повеќе земји за откривање на мрежа за меѓународна трговија со дрога и незаконски меѓународни трансакции. Договорот со меѓународните партнери да не се обелоденуваат информации, навестува дека и други „риби“ (овде или во странство) би требало да паднат во мрежата на надлежните институции.

Дел од истрагата вчера резултираше со изречена мерка куќен притвор за позната македонска актерка, и со притвор за уште едно лице. Според неофицијални информации, разврската на случајот започнала во Мадрид, каде по претрес во живеалиштето кај братот на лицето што вчера беше притворено во Скопје, биле откриени сознанија, контакти и докази за трговија на големо количество кокаин, наводно околу 700 килограми. Неофицијално, се работело за организирана група која ги вршела криминалните дејствија и извесен период била следена, исто како и трансакациите што тие ги вршеле.

Во оваа фаза од постапката, сè уште не се знае каква била улогата на двајцата притворени во Скопје, колку лица учествувале  во криминалната мрежа и колкав период траеле нивните активности на црниот пазар.

 „Кога ќе дојде време, ќе бидат презентирани сите информации“, е краткиот одговор што го добивме од МВР. 

Судија на претходна постапка на македонската актерка вчера ѝ одреди 30 дена куќен притвор. Нејзината ќерка, исто така актерка, која сега со сопругот живее во Букурешт, по притворањето на нејзината мајка за некои медиуми изјави оти „мисли дека се работи за недоразбирање“ и дека чека да ја пуштат, за да дознае што се случило.

Поради димензиите на акцијата и суптилноста на постапката, засега не може да се добие информација на каков начин актерката била поврзана со другите осомничени лица. 

Повеќе:Жариштата на организираниот криминал во Македонија

Шпанските медиуми во последните два месеца изобилуваат со информации за заплена на големи количества кокаин и други видови дрога во повеќе шпански градови, меѓу кои и во Мадрид, но во ниту еден од нив досега не се спомнува дека во откриените криминални мрежи имало учесници или логистика на лица од земји на Балканот.

Spanien, Malaga: Drogenfund von 6 Tonnen Kokain

​​​​​​Шпанските медиуми изобилуваат со информации за заплена на големи количества кокаин и други видови дрога

Во  изминатиот период се шпекулираше и дека членови на група од скопски Грчец, кои се занимаваат со шверц на кокаин, успеале да се „етаблираат“ на шпанскиот пазар. Неодамнешното пукање во скопскиот хотелот „Александар Палас“ беше доведувано во врска со интерна преметка меѓу ривалски групи кои го држат домашниот пазар на кокаин. Но, според неофицијални информации, вчерашните притворања, наводно, немале врска со овие групи.

Реклама