1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слободата во Македонија и натаму тоне

Б. Георгиевски/фх
1 мај 2014

Во најновиот извештај на организацијата „Фридом хаус“, Македонија бележи натамошен пад на ранг-листата за слободата на медиумите. Негативен тренд се бележи во целиот свет.

https://p.dw.com/p/1Bs2O

Македонија годинава се најде на 122. место на листата на „Фридом хаус“ за слободата на медиумите со статус на делумно слободна земја, што е и пад за две места во однос на минатогодишниот извештај. Од поширокиот регион, единствено Турција е зад Македонија и е означена како неслободна земја, додека сите останати земји се рангирани повисоко.

Од вкупно 197 земји на листата, Македонија го дели 122. место заедно со Кенија и Конго, а пред неа се држави како Сиера Леоне, Панама и Косово. Повеќето други земји од балканскиот регион се оценети како делумно слободни, меѓу нив и Србија, Грција, Хрватска, БиХ и Бугарија.

Бодувањето на „Фридом хаус“ се врши во три групи, односно се оценуваат три категории: законодавно-правната, политичката и економската состојба во земјите.

Од организацијата заклучуваат дека слободите, во смисла на основните човекови права и граѓанските слободи, во светски рамки бележат паѓање веќе осма година по ред.

Особено загрижувачки е развојот на состојбата во Египет, а како критични се посочуваат и Русија, Украина, Азербејџан, Турција, Венецуела и Индонезија.

Präsidentschafts- und Parlamentswahlen in Mazedonien
Македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот Ѓорге ИвановФотографија: picture-alliance/dpa

Што се однесува до европскиот континент, најголемата забелешка се однесува на порастот на ксенофобијата, особено преку засилувањето на влијанието на анти-имиграциските и евроскептичните партии во Британија, Франција, Холандија, Австрија и други западно-европски држави. Се предупредува и на порастот на влијанието на радикални партии како Златна зора во Грција и Атака во Бугарија, кои добиваат на значење на сметка на политичкиот мејнстрим во овие земји, пред сѐ поради економските проблеми. Како слични примери се наведуваа и партијата Јобик во Унгарија, како и Словачката национална партија во Словачка.

Заедничко за сите е ширењето на омраза и непријателство кон Ромите, Евреите и хомосексуалците.

Првите три места на листата на „Фридом хаус“, како земји со најголема слобода, ги делат Шведска, Норвешка и Холандија. На дното, традиционално, се Северна Кореја, Туркменистан и Узбекистан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Денеска (31.01) во Владата ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари

Мнозинство под ризик - едни да влезат, други да излезат

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница