1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Следната недела ќе бидат распишани предвремените избори

4 април 2011

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ наредната недела до Собранието треба да достави предлог-одлука за распуштање на парламентарниот состав, брифираат од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ.

https://p.dw.com/p/10nI5
Фотографија: PETR STOJANOVSKI

Според извори од партиите, оваа недела во Собранието треба да се изгласа претседателот на Државната изборна комисија, како и измените и дополнувањата на Изборниот законик, по што ќе следи распуштање на парламентот и распишување предвремени парламентарни избори. За изгласување на овие точки е потребно двотретинско мнозинство.

ДУИ се концентрира на спроведување на Рамковниот договор

Помалиот коалиционен партнер во актуелната влада, Демократската унија за интеграција, пак, на денешната прес-конференција соопшти дека на претстојните парламентарни избори ќе настапи со програма, заснована на целосното спроведување на Рамковниот договор, реформи во здравството, образованието, културата, намалување на невработеноста и сиромаштијата и решавање на проблемот со името.

Präsidentschaftstreffen Mazedonien
ДУИ очекува постабилна владаФотографија: Petar Stojanovski

Според Абдулаќим Адеми, новоизбраниот шефот на Изборниот штаб, на неделната седница на Централното претседателство на ДУИ е оценето дека со можноста за гласање на граѓаните во дијаспората, ќе се овозможи претставување и на нивните интереси во Македонија.

„ДУИ цени дека предизборните коалицирања, особено меѓу албанските политички партии, се многу значајни. Меѓутоа, новоформираните партии и оние кои до сега не учествувале на парламентарни избори, сметаме дека преку изборите прво треба да докажат колку се важни“, рече Адеми.

По изборите, ДУИ очекува постабилна влада и парламент, решение на спорот со името и деблокирање на евроинтегративните процеси.

Минатата недела лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Бранко Црвенковски, објави дека тие се откажуваат од сите барања и дека безусловно ќе учествуваат на изборите, по што премиерот Никола Груевски донесе одлука изборното соочување да биде на 5 јуни.

Автот: ТТ/ЕМФ/миа, макфакс

Редактор: Симе Недевски