Следење преку мобилните телефони во време на корона | Свет | DW | 27.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Следење преку мобилните телефони во време на корона

Азија во борбата против коронавирусот се потпира пред се’ врз следење на социјалните контакти, Европа пак врз социјално дистанцирање. Ќе биде ли заштитата на податоци жртва на корона-кризата?

Spanien | Coronavirus | APP Erkennen von Symptomen (picture-alliance/Zuma/Sopa Images/P. Freire)

Во Каталонија властите им имаат ставено на граѓаните апликација на располагање со која се врши мониторинг на симптомите на коронавирусот

Дали Германија во борбата против короната треба повеќе да се потпре на дигитален надзор? Во германската влада и натаму се спори околу ова прашање. Ополномоштеникот за заштита на податоци Улрих Келбер му се спротивставува на министерот за здравство Јенс Шпан.

Во интервју за неделникот „Цајт“ министерот за здравство Јенс Шпан укажува на примерот на Јужна Кореја. „Гледаме дека на една демократска држава како Јужна Кореја и' успеа борба против вирусот со помош на податоци од мобилни телефони“, објаснува Шпан. Со помош на податоци од мобилните телефони таму брзо се следеле контактите на инифицираните лица и брзо се локализирале можните опасности за зараза. Погодените лица потоа биле замолувани да останат во карантин.

Pressekonferenz zum Thema Coronavirus (Reuters/F. Bensch)

Јенс Шпан, министер за здравство

Помалку заштита на податоци, повеќе слобода?

Шпан прогнозира: „Оној кој бара начин за излез од сите актуелни ограничувања на слободата, тој не може да го заобиколи дигиталното следење на контактите, значи трекингот."

Во разговор за ДВ, Кристоф Штајн, портпарол на сојузниот ополномоштеник за заштита на податоци, му се спротивставува на министерот за здравство. „Треба да го избегнеме непочитувањето на заштитата на податоци од страв. Ако од утре на радио секој ден ги читаме имињата на инфицираните, многу граѓани сигурно тоа би го сметале за неодмерено“, вели Штајн.

Германската влада во понедленикот, поради растечкиот број на инфекции со коронавирусот, донесе дополнување на законот за заштита од инфекции, во чија првична верзија беше предвиден трекинг на локации. По критиките од страна на заштитниците на податоци спорниот пасус е исфрлен од текстот.

Повеќе:

Промашените шанси на Европа во одбраната од коронавирусот

Една третина од светското население во карантин

„Несоодветно во пракса"

Опономоштениците за заштита на податоци сметаат дека кога се зборува за трекингот на мобилните телефони станува збор за привидна дебата. „Трекингот би бил несоодветен и во праксата: податоците би се собирале преку базни станици кои покриваат радиус од неколку стотини метри. Не би можело да се препознае дали две лица стоеле едно до друго или на другиот крај од улицата. Таква мерка би била несоодветна во борбата против инфекцијата“, уверен е Штајн.

Триангулација – така експертите го нарекуваат анализирањето на податоците за локации од страна на понудувачите на мобилни услуги. Притоа се следи кој мобилен телефон преку кој репетитор воспоставил врска.

„Апсурдно затворање граници“

На корејско-германскиот филозоф и теолог Бајунг-Чул Хан германската дебата за заштита на податоци му изгледа чудна. Таа за него е израз на различниот менталитет и култура на Азија и Европа. Во текст за шпанскиот весник „Ел Паис“, Хан, кој до 2017 година предаваше филозофија и културологија на Уметничкиот Универзитет во Берлин, извлекува негативен биланс за Еврпа: „ Во Тајван и Јужна Кореја не е забрането да се излегува од дома. Продавниците и рестораните не се затворени. 'Big data' во борбата против вирусот е поефикасна од апсурдното затворање граници во Европа“, оценува Хан.

Coronavirus - Südkorea (picture-alliance/dpa/AP/A. Young-Joon)

Животот продолжува: Минувачи во шопинг-зона во Сеул

Во Азија против епидемиите не се борат само виролозите и епидемиолозите, туку примарно – софтвер специјалистите. Не постои критичка свест во однос на дигиталното надгледување.

Според Хан, тоа меѓу другото се должи на конфучујанските и авторитарни традиции во земји како Тајван, Сингапур, Јужна Кореја, Јапонија и Кина „Населението повеќе верува во државата, а општеството повеќе се подразбира себеси како колектив. Индивидуализмот не е толку силен", пишува Хан.

Политичарот на Зелените, Ралф Фикс, кој до 2017 година беше во раководството на фондацијата „Хајнрих Бел“, сака во Германија да се спречи ситуација на поставување на заштитата на податоци и заштитата на здравјето една наспроти друга. „Во Кина и Јужна Кореја 'Big data' и вештачката интелигенција играат важна улога во прекинувањето на ланецот на инфекции со Ковид-19. Ние тоа не го сакаме, или не го можеме?“, праша во еден свој твит Ралф Фикс.

Повеќе: 

Коронавирусот и тајните служби

Внимавај, те снимаат

Против короната со апликација

И покрај сета скепса: ширум Европа во моментов различни истражувачки институти интензивно се обидуваат со свое дигитално решение да дадат придонес за запирање на коронавирусот. „Во Германија институтот Фраунхофер Хајнрих Херц работи на апликација која би овозможила на мобилниот телефон анонимно да се зачува близината и траењето на контактите помеѓу две лица во последните две недели“, потврдува менаџерката за иновации во институтот Моник Куглич во разговор за ДВ. На тој начин би била можна дигитална реконструкција на ланците на зараза.

Апликацијата би се користела врз доброволна основа и е сосема во согласност со германските закони за заштита на податоци. Куглич додава: „Уверени сме дека во наредните недели ќе можеме да презентираме решение.“

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама