Слаби изгледи за успех на конференцијата за климата во Дурбан | Свет | DW | 28.11.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Слаби изгледи за успех на конференцијата за климата во Дурбан

Во Дурбан денеска почнува 17. климатска конференција на ОН. На неа ќе се бараат решенија за договоро-наследник на Кјото протоколот, чија важност престанува на крајот на идната година.

default

Дурбан

Во јужноафриканскиот град Дурбан од денеска до 9 декември ќе се одржи меѓународната конференција за климата и мерките кои треба да бидат донесени во борбата против глобалното затоплување.

Централна тема на конференцијата е да се најдат решенија за Протоколот од Кјото. Експертите и политичарите се скептични дека ќе биде постигнат успех. Пред се’ изгледите дека Кина и САД во догледно време ќе се согласат на меѓународно - обврзувачки договор за климата се минимални.

Освен ова на конференцијата ќе се дебатира и за тоа како да им се помогне на земјите што најранливи поради климатските промени и како да се поттикнат земјите да дејствуваат во борбата против глобалното затоплување.

Протоколот, меѓутоа, не е потпишан од САД, ниту од економиите во забрзан развој, Индија и Кина. Тој опфаќа помалку од 30 проценти од емисиите на штетни гасови на глобален план.

На форумот учествуваат над 190 земји и меѓународни организации, кои испраќаат 12.000 делегати, меѓу кои министри, дипломати, еколози.

Автор: АТ/ дв/ миа

Редактор: Горан Чутаноски

Реклама