Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво | Панорама | DW | 22.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво

Во центарот на градот, во близина на плоштадот на Македонија, денеска беше поставено првото еко-дрво (City tree) во Скопје.

Оваа еколошка инсталација има за цел да го прочистува воздухот и е составена од комбинација на видови мов и васкуларни растенија кои ја апсорбираат градската прашина, тешките метали и останатите штетни азотни честички кои ја загадуваат околината.

Еко-дрвото е поставено од страна на невладината организација „Екосвест“, додека на настанот беа присутни повеќе гости од граѓанскиот и приватниот сектор, како и германската амбасадорка Кристине Алтхаузер и претставници од градот Скопје.

Извршната директорка на „Екосвест“, Ана Чоловиќ Лешоска, изјави дека инсталацијата, која уште е позната и како „зелен билборд“ е направена од голем број на индивидуални саксии каде се поставени два вида растенија кои треба да „работат“на прочистување на воздухот. 

Гледај видео 02:15

Поставено Еко-дрво во центарот на Скопје

Инсталацијата е патентирана во Германија од страна на старт-ап компанијата Green city solutions кои ја комбинираат интернет технологијата со ботаниката. „Екосвест“ го донираше зелениот билборд на Градот Скопје.

„Значењето на инсталацијата е многу едноставно - да придонесе во борбата со загадувањето која е вистински проблем во оваа земја, но не е само овде. Ова е комбиниран проект на граѓанскиот сектор, амбасадата, Град Скопје и приватниот сектор, значи има повеќе играчи и тоа е клучно. Тоа ја прави оваа инсталација добра работа“, изјави германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, додека набавката на двата билборди за градовите Скопје и Тетово, ја поддржаа повеќе приватни компании.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама