Скок на цените на аграрните производи | Економија | DW | 31.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Скок на цените на аграрните производи

Бум на цените на земјоделските производи во светот, посебно кај житариците и млечните производи. Во Германија трговците со млеко најавија зголемување меѓу 10 и 50 проценти.

default

Мина времето на „капење во млеко„

Лудвиг Хохштетер е стар лисец во бизнисот со житарици. Работи за фирмата Бајва АГ од Минхен:

„Тоа што цените толу пораснаа нас трговците со жито воопшто не не’ изненади.Од последните осум години, седум повеќе трошевме отколку што произведувавме што ги намали резервите на ниво какво што немало во последните 20 до 30 години„.

За драстичното зголемување на цените на житариците што потрошувачите набргу ќе го почувствуваат во продавниците, Хохштетер наведува неколку причини:

„Светот е гладен по житарици, пред се во Азија, односно Кина, Индија, но и во Малезија и Индонезија. Потребата од житарици и растително масло таму енормно порасна, а прозводните површини во светот се ограничени„.

Шеф на управниот одбор во Бајва АГ е Волганг Демл. Едно од неговите објаснувања е:

„Променети навики во исхраната. Тоа значи секој што знае да чита и да пишува веќе не е задоволен со грст ориз„.

Да не го заборавиме млекото. Во почетокот на годинава, секој млекар во Германија за литар сурово млеко добиваше 27 центи, а сега веќе 32. Не се исклучува натамошен пораст. Портпаролка на министерството за земјоделство вчера во Берлин изјави:

„Во моментов имаме ситуација на недостиг, посебно предизвикана од побарувачката надвор од Европската унија. Други земји лиферанти сега не можат да го услужат светскиот пазар. Сепак, сегашното драстично зголемување на цените не е сфатливо„.

Сепак е сфатливо: зашто ниту Франција, ниту Холандија не се најголемите производители и извозници на сирење, туку Германија. Годишно прозиводството расте за 4 проценти. За килограм сирење потребни се 10 литри сурово млеко, значи побарувачката и во Германија расте надпропорционално, а според правилата во Европската унија, секој производител смее да произведе само одредено количество. Ако ја мине стапката, ќе биде казнет, регулатива од времето кога се зборуваше за мориња од млеко и ридишта путер. Германија, Велика Британија и Данска бараат нејзино укинување, европските бирократи велат – рокот е 2015 година.