1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Bulgarien Kardzali Menschen vor einer Passbehörde
Фотографија: DW/Vildan Bajrjamova

Скандал со бугарските државјанства

Полина Паунова
31 октомври 2018

Зошто во Бугарија токму сега се актуелизираше скандалот со продажбата на државјанствата, иако му е познат на обвинителството уште од 2014 година? Целта е да се „потчинат“ непослушните политичари, смета Полина Паунова.

https://www.dw.com/mk/%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5/a-46098702

Годината е 2014. Според истрагата на обвинителството, Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ) издала илјадници уверенија за бугарско потекло на Албанци, Косовци и Македонци, без реални докази за такво потекло. Уверенијата се неопходни за натурализација на странци врз основа на бугарско потекло, кое е еден од основните услови за добивање на бугарски пасош.

Резултатите од обвинителската истрага биле толку скандалозни, што корупцијата делуваше како единствено логично објаснување за делувањето на ДАБЧ. Од 1.500 проверени уверенија за бугарско потекло во текот на 2014 година, половината биле издадени без докази, независно од законскиот услов да има најмалку еден документ за бугарски корени во семејството на кандидатот за граѓанство.

Како одговор на истрагата, тогашниот премиер Георги Близнашки веднаш го отпушти шефот на ДАБЧ Јордан Јанев.

За да стигне до обвинителството, информацијата е подготвена од бившата шефица на дирекцијата за „Бугарско државјанство“ во Министерството за правда, Катја Матева. Како резултат на тоа, од 2014 до 2016 година прекинати се над 7.000 барања за натурализација. Кога Министерството за правда го презеде Екатерина Захариева од ГЕРБ, таа ја поддржа својата службеничка и изјави дека трговијата со бугарските државјанства е недозволива.

Подоцна ВМРО (кои влегоа во втората влада на Борисов) јасно кажуваат што сакаат: во декларација во парламентот инсистираат Катја Матева да биде отпуштена. Нешто подоцна Матева добива наредба да ги преразгледа сите оние спорни 7.000 барања.

Иницијативи без завршница

Случајот беше објавен во истражување на Медиапул во јануари минатата година. Два месеца подоцна, во март, Министерството за правда, повикувајќи се токму на истражувањето, најавува дека ќе ја прекине трговијата со државјанствата. Во меѓувреме, веќе со години на таа тема пишуваа различни медиуми - како весниците Сега и Капитал.

Веќе е 2018 година. ДПС (партијата на турското малцинство) објавуваат дека ќе иницираат анкетна комисија во парламентот која треба да се занимава со трговијата со бугарското државјанство.

Boiko Borisov, Valeri Simeonov, Krasimir Karakachanov und Volen Siderov, aufgenommen im Juni 2017 in Sofia
Стабилноста на владата на Борисов зависи од тројцата ултранационалисти во владата: Симеонов, Каракачанов и СидеровФотографија: BGNES

Сите овие иницијативи остануваат спорадични, без завршница, а власта не сака да слушне дека се говори за темата. И обвинителството заборава на својата истрага од 2014 година...

Во меѓувреме се смени и владата, а лидерот на ВМРО Красимир Каракачанов го предлага Петар Харалампиев на чело на ДАБЧ. Си продолжува сѐ по старо. До оваа недела, кога се случува големата акција во Агенцијата за Бугарите во странство. Харалампиев е уапсен, а јавните обвинувања се за трговија со државјанства.

Како резултат се развива веќе виден наратив: се повторуваат сите обвинувања кои редица медиуми веќе ги беа објавиле, но кои остануваа без општествен одглас. За сликата да биде комплетна, како што врската низ годините меѓу ВМРО и Агенцијата станува видлива и очигледна, вицепремиерот и лидер на партијата Красимир Каракачанов мелодраматично се заканува дека ќе се обеси доколку биде докажана корупција во која е вмешана и неговата партија.

И доколку целиот случај звучи чудно, тоа во пракса е сосема вообичаено за домашната реалност во која централна улога има државното обвинителство. За да се сфати зошто скандалот со бугарското државјанство „избувна одеднаш“, иако е актуелен веќе четири години, треба да се погледне политичкиот контекст.

Во име на стабилноста

А тој контекст, се разбира е стабилноста (според зборовите на премиерот Борисов). Иронијата е што, таа стабилност, којашто ја тресе целата држава во моментов, целосно зависи од Обединетите патриоти (коалиција на ВМРО, Атака и Националниот фронт за спас на Бугарија, во бугарскиот парлемент). За да се обезбеди таа стабилност тие мора да бидат потчинети, а самото учество во власта (кое во Бугарија се претвори во синоним за корупција) не е доволно.

Pass Ausweis Reisepass Personalausweis
Многу нејаснотии околу скандалот со бугарските пасошиФотографија: Dessie/Fotolia

Само пред една недела, лидерот на ВМРО имаше посредничка улога во претходниот скандал кој го предизвикаа „патриотите“- имено скандалозната изјава на неговиот колега вицепремиер Валери Симеонов кон мајките на децата со хендикеп. А сега пред Каракачанов и неговото Министерство за одбрана на дневен ред се наоѓа купување армиска опрема вредна милијарди. Неопходно е ВМРО да дејствува во интерес на стабилноста. Неопходно е и ВМРО да знае дека ако не дејствува стабилно - стабилноста во управувањето ќе се префрли кон партијата и нејзиниот лидер.

Бидејќи, како што една истрага може да се одложува четири години, така одеднаш може да се излезе и со докази за инкриминирачки докази за врските со партискиот лидер, нели?

Случајот со бугарските државјанство е на пат да се претвори во еден од оние многу слични случаи во кои државното обвинителство држи потчинети голем број политичари.

Така што проблемите во случајот „Бугарско државјанство“ се најмалку два. Првиот: трговијата со бугарското државјанство за кој се пишува и говори со години. Несомнено тоа го илустрира фактот дека корупцијата ги избриша сите нивоа на државност кај нас. И вториот: репресивниот апарат кој не само што зема заложници, туку и ги става своите „потчинети“ во власта за да делуваат така како што е нужно за одржување на стабилноста.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Членството во Европската политичка заедница не е замена за членството на С.Македонија во ЕУ, во повеќе наврати беше нагласено во Брисел

Прашки самит, европска зима и македонски очекувања

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница