Сијарто: Финска е виновна што не започнаа преговори со Скопје и Тирана | Свет | DW | 02.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Сијарто: Финска е виновна што не започнаа преговори со Скопје и Тирана

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Финска дека е виновна што во текот на нејзиното претседавање со ЕУ ниту една земја не отворила преговарачко поглавје.

Шефот на унгарската дипломатија ја обвинува Финска за неуспехот да се продолжи со процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан. Финска, како претседавач со ЕУ, е одговорна за „огромниот неуспех“ на проширувањето, рече Сијарто во Прага по средбата со колегите од Чешка, Полска и Словачка.
„Тие се првото претседателство кое не успеа да отвори едно единствено преговарачко поглавје со ниту една од земјите кандидати. Тоа не се случило никогаш порано“, рече Сијарто. Тоа, според него, било „голема, голема грешка“.

На самитот на ЕУ во Брисел, Франција го блокираше почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Обете земји, а особено Северна Македонија, имаа поддршка од сите останати земји-членки.
„Сметам дека одложувањето на проширувањето и ставањето пречки на патот на проширувањето е политика која е целосно спротивна на европските интереси“, рече Сијарто.

Сонародникот на Сијарто, Оливер Вархељи ќе раководи со проширувањето во новиот состав на Европската комисија. Според Сијарто, сега проширувањето е во „добри раце“.
„Како централно европски земји кои живеат во соседството, разбираме малку подобро од останатите членки на ЕУ колку е важно за ЕУ од економска, политичка, стратешка и безбедносна перспектива да се продолжи со проширувањето“, рече Сијарто.

 

DW.COM

Реклама