Четири лица убиени во Лиеж
29.05.2018
| 00:34 мин.
Во центарот на градот Лиеж во Белгија, денеска претпладнето маж истрелал повеќе куршуми врз полицајци, убивајќи двајца од нив, како и совозач на еден автомобил, по што се забарикадирал во училиште и зел еден заложник. Специјална полициска единица потоа го застрелала напаѓачот. Неговите мотиви засега не се познати.