Ние користиме идентификатори на уреди за да ја подобриме нашата понуда. Повеќе информации можете да пронајдете во нашата корисничка политика (и во поставките.
Емпајер Стејт Билдинг е најлегендарниот, но веќе не и највисокиот облакодер во Њујорк. Сепак, заслужува одбележување на 90-от роденден.
Џон Ленон беше еден од највлијателните музичари на 20. век. Но, тој не беше ангажиран само како музичар, туку планираше и хипи-комуна на еден грчки остров, а во Њујорк стана домаќин.
Фотографот Свен Кројцман и политикологот Берт Хофман три децении го документираат животот во Хавана. По повод 500. роденден на градот, тие објавија публикација во која е прикажано секојдневието вчера и денес.
За точно еден месец, Дојче Веле на македонски јазик ќе го прослави својот 50-ти роденден. По тој повод потсетуваме на почетоците и на сите други важни моменти во полувековната работа на DW на македонски. Погледнете ја нашата видео приказна до крај, бидејќи таа за Вас крие и можност за награда :)
На веселбата за нејзиниот прв роденден, во 1967 година кантавторот Јонче Христовски заедно со другите гости ја создал легендарната песна.
Таа е една од најпознатите жени на светот и своето време најчесто го поминува во детските соби. Во текот на својотт живот таа се адаптираше на сите промени на времето. Барби го слави 60. роденден.
Спанаќот е чудесна храна! Тетовираниот морнар Попај е ѕвезда на сцената на цртаните филмови. Сега полни 90 години, но нема загубено ништо од својата супер моќ. Попај останува херој на многу генерации.
Легендарната пејачка полни 60 години. По тој повод правиме преглед на нејзината уникатна кариера, различните имиџи, нејзините бесни, иконски настапи, актерството и добротворната работа.
Веспа Примавера го слави 50. роденден. Скутерот Веспа, симбол на италијанскиот стил на живеење, во повоеното време за многу Италијанци беше единственото транспортно средство кое можеа да си го дозволат.
По повод 200. роденден на Карл Маркс во Трир се отвораат три големи изложби. Во фокусот е изложбата за неговиот живот и дело. Контроверзи предизвикува големата статуа, подарок од Кина.
Официјалната титула на кралицата Елизабета Втора гласи: „Нејзиното Височество Кралицата“. Но, таа од своето семејство е нарекувана со неколку имиња кои воопшто не се кралски.
Сакате да се вклопите во Германија? Тогаш подобро да знаете кога некому да посакате среќен роденден и како да ја запалите цигарата. Еве го нашиот водич за избегнување гафови во Германија.
Со крводарителска акција и повеќе манифестации вчера во Крушево и Скопје беше одбележан роденденот на трагично починатиот Тоше Проески. Тој загина во сообраќајна несреќа во Хрватска во 2007 година, а деновиве ќе го славеше својот 36 роденден.
Тесно припиениот светкав фустан, во кој филмската ѕвезда Мерилин Монро во мај 1962 година на тогашниот американски претседател Џон Кенеди му отпеа роденденска песничка за неговиот 45-ти роденден, е продаден на аукција за 4,8 милиони долари.
Во Виндзор синоќа се одржа финалето на роденденското шоу во чест на кралицата Елизабета Втора. Таа пред еден месец наполни 90 години.
Британската кралица Елизабета Втора денеска го слави својот 90. роденден. Бројни граѓани излегоа на улиците во Виндзор за на својата кралица да и‘ честитаат, ракувајќи се со неа, подарувајќи и‘ цвеќе и предавајќи подароци. Британскиот премиер Дејвид Камерон на Твитер напиша: „Таа е гранитна карпа за нашата нација“.
На 21 март 2016, Твитер наполни 10 години. Од политика до забава, овие твитови беа спонтани реакции на светските настани опишани во карактеристичните 140 знаци.
Носталгичен поглед кон иднината со која растевме на денот кога „Враќање во иднината“ слави 30 години.
Ангела Меркел е прва жена - канцелар во историјата на Сојузна Реублика Германија. Во четвртокот (17.7.2014) ,,„Мајката на нацијата“ , како што од милост ја нарекуваат Германците, го прослави 60-от роденден.
Фигурите на Плејмобил во изминатите четири децении станаа составен дел од секоја детска соба. На почетокот беа мали, слабички фигури, а денес прераснаа во цели замислени светови.