Надеж за оние кои скршнале од животниот колосек
27.11.2021
| 03:30 мин.
„Рето надеж“ е интернационала мрежа на центри кои помагаат на луѓе зависници од дрога и алкохол. Во Македонија постои од 2006 година. Момците кои се наоѓаат во овој центар, денес имаат поинаков светоглед, многу покорисен за себе и заедницата. Тие собираат парчиња мебел и бела техника низ Скопје, реставрираат, поправаат и ги изработуваат, а потоа го изложуваат во продавницата и продаваат.