Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Ние користиме идентификатори на уреди за да ја подобриме нашата понуда. Повеќе информации можете да пронајдете во нашата корисничка политика (и во поставките.
Без проблеми во снимањето, но затоа со проблеми поради лошото време и оддалеченоста на дестинациите каде што снимаа - Бјанка Станковиќ и Мајлинда Бајрами беа македонско-албанскиот #dw_BalkanBooster тандем којшто снимаше локални херои кои решаваат дел од проблемите што со себе ги донесе пандемијата.
Некои жени во Албанија се' уште се одлучуваат за абортус кога ќе дознаат дека носат девојче. Селективните абортуси во зависност од полот на плодот, во Албанија се законски забранети, но притисокот на општеството понекогаш е посилен од словото на законот.
На фестивал на летечки змејови во Синчу на Тајван се случи инцидент кога тригодишно девојче беше кренато во воздух од малку посилен ветер откако претходно се заглави во опашката на змејот кој го управувало. За среќа девојчето минало само со помали гребнатини на лицето и вратот.
Работеа на еколошки теми поврзани со почвата и водата, дознаа повеќе за проблемите кои ги мачат луѓето во соседната земја и сфатија дека само со подобро запознавање е можно да се бориш против предрасудите и бариерите - Деница Чадиковска и Ардит Тоца беа македонско-албанскиот тандем во рамките на #dw_BalkanBooster проектот и еве како им поминаа двете недели заедничка работа и дружба:
Неверојатен подвиг на младо момче во Истанбул. Тоа успеа да спаси од сигурна смрт мало девојче кое падна од вториот спрат на една зграда во турската метропола. Погледнете ги драматичните сцени:
На веселбата за нејзиниот прв роденден, во 1967 година кантавторот Јонче Христовски заедно со другите гости ја создал легендарната песна.
Невенка Росоманова- Томовска била инспирацијата на Јонче Христовски и други музичари да ја напишат и компонираат легендарната песна „Македонско девојче“. Денес, песната е препеана ширум светот.
Од една страна на границата е селото Миратовац, а од другата Лојане. Ги делат 2,5 километри и - македонско-српската граница. Проблемот им е заеднички - за да стигнат едни кај други мора да одат одоколу цели 35 километри.
Кристина Озимец од Скопје и Алексија Калаиѕи од Солун го сочинуваат македонско-грчкиот тим во рамките на проектот #dw_BalkanBooster на Дојче веле. Тие се занимаваат со прашања кои предизвикуваат проблеми меѓу двете земји. Заедничката работа им донесе нови погледи на нештата и желба за натамошна соработка.
Истражуваа во Скопје и Солун, разговараа со експерти и граѓани, се обидоа да понудат поинаква, нова перспектива на гледање на проблемот за името и односите меѓу Македонија и Грција. Кристина и Алексија го завршија проектот #dw_BalkanBooster полни со импресии.
Македонско-грчкиот тандем во рамките на #dw_BalkanBooster, Кристина и Алексија, пет дена заедно работеа во Скопје и беа во потрага по актуелни теми во предреферендумска Македонија. Нивната соработка по неколку недели продолжува во Солун.
Македонската новинарка Кристина Озимец во Скопје ја пречека грчката колешка Алексија Калаиѕи. Двете во рамките на #dw_BalkanBooster ќе трагаат по приказни кои ги допираат односите на Македонија и Грција.
Филмот „Исцелител“ ги освои срцата на публиката и на филмските критичари. Но, колкав труд и напор се крие зад ова успешно македонско кинематографско дело?
На Твитер профилот на Гватемалската национална полиција (ПНЦ) е ставено видео од спасување на девојче од куќа во регионот погоден од ерупцијата на вулканот Фуего. Полицијата соопшти дека девојчето и нејзиното семејство се успешно пренесени на сигурно.
Полицијата во градот Жушан во Кина доби необичен итен повик за спасување. Играјќи криенка-миженка мало девојче се беше заглавило во машина за перење алишта. Спасувачката операција траеше половина час.
На спасувачките екипи во малото место Пескара дел Тронто им успеа од извлечат 10 годишно девојче кое под урнатините предизвикани од катастрофалниот земјотрес минало цели 17 часа.
Состојбата на македонско-грчката граница е повторно на работ на ескалација. Гневот расте меѓу стотиците мигранти кои не можат да ја минат границата кон Македонија. Сагата на бегалците низ објективот на Диего Куполо